Трпо Ѓамов Шалапутов или Шолопутов (Орман, 1876 – Орман, декември 1939) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис лево|мини|Раководството на соединената костурска чета. Преден дел: Трпо Шалапутов, Иван Попов, Васил Чакаларов, Христо Силјанов, позади: Сотир Савов од Смрдеш, Крсто Калабуров, Андон Поп Штерев, Тома Желински и Ване Канчев од Косинец.Билярски, Цочо. РЕВОЛЮЦИОНЕРЪТ С ПУШКА И ПЕРО В РЪКАТА - ХРИСТО СИЛЯНОВ - ИСТОРИК НА РЕВОЛЮЦИЯТА. sitebulgarizaedno.com.Роден е во 1876 г. во селото Орман, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Брат е на Христо Шалапутов. Според Васил Чакаларов, тој има влашко потекло, но Георги Христов не споменува таков податок. Стапил во ВМОРО. Зел учество во Илинденското востание како четник, а подоцна како војвода.

По Младотурската револуција во 1908 г. Шалапутов емигрира во САД. За време на Балканските војни, тој се вратил во Македонија и учествувал како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и служел во Костурската чета.Силянов, Христо. Писма и изповеди на един четник. Спомени от Странджа. От Витоша до Грамос, Български писател, София, 1984, стр. 358, 374-375.

Во 1919 г. стапил во обновената ВМРО. Во 1926 г. бил дел од Костурското околиско раководно тело, заедно со Филијан Манчев и Лазар Воденски. Во 1927 г. тој раководел чета од 26 лица во Корештата, со Наско Делев како негов поткомандант. Четата влегла во крвава битка со грчки единици, со поддршка од четата од 22 лица на Коце Неделков од Воденско. Во битката загинале четворица четници, а тројца други биле ранети, додека Грците изгубиле 16 војници и жандарми и 24 биле ранети. Во наредните денови, грчките власти уапсиле речиси 300 лица од Костурско, Воденско и Солунско и осудиле 112 од нив, под обвинение за потпомагање на ВМРО.Македония – история и политическа съдба, Том II, ИК „Знание“, София, 1998, стр.178, 188.

Починал во родното село во декември 1939 г.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски преселници во САД