мини|Бура на идеи Бура на идеи или разговорно брејнсторминг () — метод за решавање проблеми во кој учесниците изнаоѓаат максимален број на идеи за решавање на одредена задача, вклучувајќи ги и најфантастичните или невообичаени предлози. Потоа, од добиените варијанти се избираат најдобрите решенија што можат да се применат во практиката.
Овој метод вклучува и етапа на стручна оценка. Во својот развиен облик, тој подразбира усогласување на дејствата на учесниците во согласност со препознатлива шема на процесот што се оценува.
Историја Методот е измислен кон крајот на 1930-тите години од страна на текстописецот и еден од основачите на агенцијата BBD&O, Алекс Осборн, кој го опишал во својата книга „Применета вообразба“ (англ. Applied Imagination). Овој метод за првпат бил употребен од Алекс Осборн во 1939 г. во САД како начин за добивање нови идеи во услови каде што критиката е строго забранета.
Едно од продолженијата на методот на бура на идеи е методот на синектика.
Учесници Постојат три клучни улоги за учесниците во бурата на идеи: раководител на екипата; записничар (лице што ги бележи идеите) и членови на екипата.
Потребно е раководителот да биде добар слушател. На самиот почеток, за да им помогне на учесниците, тој треба да ги изложи причините за потребата од користење на овој метод и да ја поттикне нивната активност. Тој ги одредува основните правила и управува со процесот на создавање идеи.
Записничарот дословно ги запишува сите идеи. Оваа улога може да ја извршува и самиот раководител.
Бројот на членови во екипата не треба да биде помал од 5 ниту поголем од 10. Најдобро е групата да брои шест или седум лица.
Наводи
Категорија:Соработка Категорија:Истражувачки методи Категорија:Решавање на проблеми Категорија:Колективна интелигенција