Јохан Фридрих Адам (1780, Москва — 1 март 1838, Вереја), а подоцна бил наречен Михаел Фридрих Адамс, а исто така и Јоханес Михаел Фридрих Адамс во целосниот цитат на ботанички откритија, — ботаничар од Санкт Петербург, Руска Империја.
Тој студирал од 1795 до 1796 година на медицинскиот факултет во Санкт Петербург. Во годините од 1800 до1802 година патувал низ Закавказје во придружба на грофот Аполон Мусин-Пушкин (1760–1805). Во 1805 година, бил дел од научен тим кој бил поврзан со неуспешната дипломатска мисија на грофот Јуриј Головкин во Кина. По неуспехот на мисијата, тој и многу други научници останале во Сибир за да ги продолжат своите истражувања. Во 1806 година, додека бил во градот Јакутск, тој слушнал за недопрен труп од волнест мамут во близина на устието на реката Лена. Тој брзо организирал експедиција до локацијата каде што успеал да го пронајде поголемиот дел од скелетот, кожата и речиси четириесет килограми коса. Во тоа време, и речиси еден век потоа, ова бил најкомплетниот познат мамут. Потоа тој се вратил во Санкт Петербург со својата награда. Скелетот сега во моментот е изложен во Санктпетербуршкиот музеј на зоологија, каде што е познат како Адамсов мамут.
Подоцна во својот живот, тој предавал како доцент по ботаника на Медицинско-хируршката академија во Москва.
Публикации
Decades quinque novarum specierum plantarum, Тбилиси, 10 ноември 1802 година
Наводи
Allgemeine Deutsche Biographie - мрежно место на на Викиизвор
Категорија:Редовни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Починати во 1838 година Категорија:Родени во 1780 година Категорија:Руски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки