Андон (Доне, Доно) Поп Штерев, понекогаш Поп Стерјов или Попов (познат како Д’мбенски или Рударски) (Д’мбени, 1881 – Станимака, 3 јануари 1932) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.
Животопис лево|мини|Раководството на соединената костурска чета. Преден дел: Трпо Шалапутов, Иван Попов, Васил Чакаларов, Христо Силјанов, позади: Сотир Савов од Смрдеш, Крсто Калабуров, Андон Поп Штерев, Тома Желински и Ване Канчев од Косинец.Билярски, Цочо. РЕВОЛЮЦИОНЕРЪТ С ПУШКА И ПЕРО В РЪКАТА - ХРИСТО СИЛЯНОВ - ИСТОРИК НА РЕВОЛЮЦИЯТА. sitebulgarizaedno.com.
Во ВМОРО Роден е во 1881 г. во селото Д’мбени, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Се стекнал со основно образование.
Стапил во ВМОРО во 1898 г. и станал четник на неговиот соселанец Лазар Поп Трајков. За своите заслуги, во 1899 г. е унапреден во групен началник. Учествувал во битката против бројна турска војска на 31 мај 1903 г. кај Локвата и Вињари на Д’мбенска Планина, а на 7 јуни 1903 г. во планината Бигла против 5.000-на турски аскер, вооружен со топови и митралези.
За време на Илинденското востание, во текот на летото на 1903 г. Андон е војвода на чета. Тој водел борби кај Билишта, во месноста В’лкана над с. Апоскеп, кај Невеска, Врбник, Загоричани, на Лисец и кај Кономлади. Во казнена акција турска војска ја опожарила неговата куќа во Д’мбени.
По востанието продолжил со револуционерната дејност. На 15 мај 1906 г. води битка со многубројна турска војска кај месноста Новиот Пат, крај неговото родно село, каде што е тешко повреден. Во месноста Ѓупските Ниви водел борба со турска војска пет часа. Меѓу селата Желево и Трново се борел со грчка чета. Под водство на војводата Атанас Кршаков, заедно со својата чета во 1907 г. учествувал при уништувањето на грчката чета на капетанот Милас, кој загинал во битката.
Во 1908 година, по Младотурската револуција, како преспански војвода, се повлекол од реонот во кој дејствувал и преку Бугарија заминал во Америка за да бара нов живот.
По избувнувањето на Првата балканска војна (1912), Поп Штерев се вратил и учествувал како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети, борејќи се со Костурската соединета чета и Нестроевата чета на XV штипска дружина. За време на Втората балканска војна (1913) бил во здружената партизанска чета на МОО. Награден е со орден „За храброст“ IV степен. На 7 јули 1913 г. тој бил заробен и затворен во Бејаз-куле во Солун од 12 јули 1913 г. до 28 март 1914 г. По војната се преселил во Јениџе, Скечанско.
Во Првата светска војна (1914–1918) одново влегол во редовите на бугарската армија, каде служел како војник во 37. пирински пешадиски полк до крајот војната.
Георги Константинов Бистрицки напишал за Поп Штерев:
Во ВМРО По војната се вклучил во обновата на револуционерната организација и станал началник на Костурската околиска чета. Во 1925 г. преминал во Македонија.„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 – 1941 г.“, Колектив, Македонския Научен Институт, София, 2002 г., стр.141 Пролетта 1925 г. го преминал Вардар заедно со четите на Петар Ангелов, Илија Лерински, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов.Спомени на Георги Попхристов Во октомври 1925 г. заедно со леринската чета, Поп Штерев водел битка во селото Пополжани, Леринско со многобројна грчка војска. Во месец ноември истата година, заедно со член на леринската чета, извршил атентат во Лерин, фрлајќи бомби врз грчкиот воен клуб.
За време на настанатата кризата во ВМРО по убиството на Александар Протогеров во 1928 година, Поп Штерев е на страната на протогеровистите. На 3 јануари 1932 г. Андон бил убиен во градот Станимака додека се враќал навечер дома со двајца другари. Во тој момент, двајца политички опоненти го пречекале во заседа и го стрелале од позади грб. Неколку часа подоцна тој починал во својот дом до најблиските. Убијци биле Петар В. Гулев и Васил Ламбанов. Андон Поп Штерев бил погребан со високи почести од своите блиски, роднини и пријатели од ВМРО во Станимака. Оставил сопруга Елена и син Борис.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Протогеровисти Категорија:Жртви на политички убиства во Бугарија Категорија:Македонски преселници во Асеновград