Општина Крушари () — општина во Североисточна Бугарија, една од составните општини на Добричката област. Административен центар е селото Крушари. Општината има 4.223 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во северниот дел на Добричката област. Со површина од 417,46 км2 го зазема 6-то место меѓу 8-те општини во областа.

Релјефот на општината е рамничарски, карактеристичен за платото на Добруџа. Територијата е пресечена од длабоки долини (т.н. кањони) на суводолните реки, кои се специфични за овој дел на Бугарија.

Самоуправа Општината се состои од 19 села. Административниот центар Крушари нема статус на град. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Абрит Александрија Бистрец Габер Добрин Ефрејтор Бакалово Загорци Земенци Зимница Капитан Димитрово Коритен Крушари Лозенец Огњаново Полковник Дјаково Поручик Крџиево Северњак Северци Телериг

Наводи

Поврзано Област Добрич Општини во Бугарија

Надворешни врски Мрежно место на Општина Крушари

Крушари