Трајко Анастасов, познат по псевдонимот Ракот — македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Дел од четата на Ѓорѓи Ацев и подоцна Панчо Константинов.

Животопис Трајко Анастасов е роден во 1869 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Во 1882 година се оженил со Марија Анастасова. Околу 1900-тите се приклучил во Македонската револуционерна организација. Анастасов бил дел од комитетот на Велешкиот револуционерен реон. Дејствувал претежно како курир и помогнал со снабдување на муниција. Во 1905 година се приклучил во четата на Панчо Константинов. Учествувал во борба против србоманите во Нежилово.

Околу втората половина на 1900-тите се приклучил во четата на Ѓорѓи Ацев. Учествувал во судир против османлиската војска кај Ораовец. Во 1914 година, за време на Првата светска војна, српската власт го уапсила и го осудиле 20 години во затвор. На 25 март 1943 година, поднесол барање за илинденска пензија од бугарската фашистичка власт. Неговото барање било одобрено од министерскиот совет. Имал еден син Панчо (р. 1914) и една ќерка Трајанка (р. 1920).

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Отомански дисиденти Категорија:Отомански Македонци Категорија:Македонци во Србија Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Затвореници и притвореници во Србија Категорија:Српски затвореници и притвореници