Општина Бјала Слатина () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е градот Бјала Слатина. Општината има 22.115 жители (2022).
Географија Општината е сместена во североисточниот дел на Врачанската област. Со површина од 545,51 км2 зазема 2-ро место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 15,04% од територијата на областа.
Релјефот на општината е рамничарски и ридски, заземајќи делови од западната Дунавска Рамнина. Главна водна артерија е реката Ск’т, која тече низ општинскиот центар.
Самоуправа Општината се состои од 15 населени места, од кои 1 град и 14 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Алтимир Бјала Слатина Буковец Брдарски Геран Бркачево Врањак Габаре Галиче Драшан Комарево Попица Соколаре Тлачене Трнава Трнак
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Бјала Слатина
Бјала Слатина