Черпишта или Черништа (, Терпни; до 1923 г. Τσέρπιστα, Церписта) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Иако изворите го претставуваат населението како грчко, всушност се работи за погрчени Македонци.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, на 1 км северно од Нигрита, во северното подножје на Богданска Планина.
Историја Во Отоманското Царство Црквата „Св. Димитриј“ е од 1740 г.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Черипишта (Tchéripischta) имало 150 домаќинства со 306 Грци и 120 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Черпишта:
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Черпишта имало 460 жители Турци и 500 Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Черништа (Tchetnichta) се состоело од 800 Грци и во селото имало грчко училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 938 жители, а во 1920 г. се накачило на 1.333 лица. Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Черпишта е мешано мештанско-дојденско село со 2.044 жители, од кои 280 лица (64 семејства) биле дојденци, а останатите мештани. Во 1923 г. селото е преименувано во Терпни.
Во понатамошните години селото продолжило да расте поради новостекнатата земја добиена по пресушувањето на Тахинското Езеро.
+ Месности во Черпишта преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Сали Милос Σαλή Μύλος Севастианон Рема Σεβαστειανόν Ρέμαимето на Голема Река во нејзиното горно течение на Богданска Планина Амбарудија Άμπαρούδια Апотикес Αποθήκεςврв на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта (926 м) Морава Μουράβα Мермингас Μέρμηγκαςцентралниот венец на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта (807,4 м) Крендишта Κρέν Τίστα/Κρεντίστα Иконостаси Εικονοστάσιвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта Патрах Πατράχι Стронгилон Στρογγυλόνвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта Мација Ματσιά Самаринон Рема Σαμαρινόν Ρέμαимето на реката Лагатрис во нејзиното горно течение Ќадули Κιαδούλι Исома Ίσωμαмесност на СИ од Черпишта Косело Κοσιέλο Камбос Κάμποςмесност на С од Черпишта
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“ од 1740 г. Црква „Св. Три Јерарси“ од 1974 г.
Наводи
Категорија:Визалтија