Општина Сухиндол () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Великотрновската област. Административен центар е градот Сухиндол. Има 2.454 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во западниот дел на Великотрновската област. Со својата површина од 149,48 km2 таа е најмалата општина во областа (зафаќа само 3,37% од територијата на областа). Релјефот е претежно ридски, зафаќајќи делови од Средниот Предбалкан. На нејзина територија се наоѓа поголем дел од вештачкото езеро „Александар Стамболиски“.

Самоуправа Општината се состои од 6 населени места, од кои 1 град и 5 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Бјала Река Горно Калугерово Горско Косово Коевци Красно Градиште Сухиндол

Поврзано Област Велико Трново Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Сухиндол

Сухиндол