Хилда Вика (5 ноември 1897 - 14 февруари 1963), позната и како Хилда Вика-Еглите — латвиска уметница и писателка. Создавала стилизирани слики со акварел и масло од секојдневниот живот и од визии од сонови. Пишувала поезија, кратки раскази и романи, истовремено илустрирајќи ги своите дела. Во текот на 1930-тите години таа почнала да ја вклучува латвиската митологија во своите дела. За време на советската ера се прилагодила на социјалистичкиот реализам, но била исклучена од уметничката унија поголемиот дел од 1950-тите. Била во брак со писателот Викторс Еглитис.
Ран живот и образование Хилдегард Наталија Вика, позната како Хилда Вика, била родена во Рига на 5 ноември 1897 година. Нејзините родители биле државниот службеник Ото Вика и Елвине Вика (родена Блосфелде). Нејзиниот татко починал кога имала седум години и дел од детството го поминала на село надвор од Добеле, каде што живееле родителите на нејзината мајка. Се вратила во Рига кога нејзината мајка се преомажила. Поради германското потекло на нејзината мајка, Вика одела во германско училиште за девојки.
За време на Првата светска војна, Вика работела како помошничка медицинска сестра, работела и како едукаторка и слугинка во Русија, Полска и Литванија и завршила курс по сметководство. Назад во Рига по војната работела како државна службеничка и банкарски службеник до 1935 година. Додека работела, таа посетувала часови по уметност на Народен универзитет во Рига во 1920–1922 година и студирала кај сликарите Романс Сута (1921–1922), Аугустс Зауерс (1922–1925) и Уга Скулме (1925–1927). Back in Riga after the war she worked as a civil servant and a bank clerk until 1935.
Творештво Сликите на Вика за прв пат биле изложени во 1927 година, а својата прва самостојна изложба ја одржала во 1933 година во Градскиот музеј на уметност во Рига. Во 1930-тите и 1940-тите години години, таа создала повеќебојни акварели и слики со масло од сцени од секојдневниот живот и сонувачки визии, обично со жени како централни фигури. Сликите биле стилизирани и инспирирани од геометриски орнаменти. Таа ги следела конвенциите на Ар деко, обидувајќи се да комбинира воздржаност, грациозен говор на телото, повторување и виталност. Таа дебитирала како поетеса во литературен календар во 1924 година, пред нејзината прва збирка поезија да биде објавена во 1932 година. Објавувала збирки поезија, збирки кратки раскази и романи во текот на 1930-тите и 1940-тите, правејки и илустрации за своите книги.
Од почетокот на 1930-тите години, латвиската митологија била важна во креативните дела на Вика, како резултат на нејзината вклученост во латвискиот неопаганизам. По Втората светска војна, таа се прилагодила на социјалистичкиот реализам пропишан од Советскиот Сојуз. Таа била исклучена од Сојузот на уметници на Латвиската ССР во 1950 година „поради остатоци од формализам во нејзиното творештво“, но била повторно примена во 1957 година.
Личен живот Вика имала неколку периоди на болест. Во 1928 година ѝ била отстранет тумор поради кој не можела да има деца. Во декември 1929 година таа го запознала Викторс Еглитис, писател 20 години постар од неа, и се венчале на 20 декември 1930 година. Како и нејзиниот сопруг, таа се приклучила на неопаганското движење Диевтуриба и нивната свадба била според ритуалите на движењето. Таа станала маќеа на синовите на нејзиниот сопруг, Аншлавс и Видвудс; првиот станал успешен писател во 1930-тите години и бил под влијание на нејзините дела и личност. Сопругот на Вика починал во советски затвор во април 1945 година, откако бил уапсен додека се обидувал да ги зачува нејзините слики.
Во повоениот период, Вика живеела во сиромаштија, поминувајќи ги зимите сликајќи во Рига, а летата во Добеле. Нејзината мајка починала во 1950 година, а Аншлавс заминал во егзил, оставајќи го Видвудс како нејзин единствен роднина во земјата. По три години болест, таа починала во Рига на 14 февруари 1963 година.
Наследство Лија Бридака составила збирка од делата на Вика, наречена Atmin̦ās, mākslā, rakstniecībā (буквално „Спомени, уметност, пишување“), која била објавена во 1997 година. Во Добеле улица била именувана по Вика. Во 2021 година, градот објавил план за создавање културен центар во нејзина чест, сместен во близина на уметничкото училиште Добеле. Повеќе од 90 нејзини дела се во колекцијата на локалниот историски музеј на Добеле. За да го прослави 125-тиот роденден на Вика во 2022 година, Latvijas Pasts издак блок поштенски марки со неа и нејзините дела како дел од својата серија „Истакнати латвиски уметници“.
Публикации Поезија Spožie ūdeņi, 1932 Mēnesnīca, 1935 Zelta briedis, 1944
Проза Stāsti, 1934 Atsegtas dvēseles, 1935 Mūzu vaimanas, 1937 Lielā slāpe, 1940 Lielā taisnība, 1942 Laimīgā dziesma, 1942 Dievišķā vientiesība, 1944 Naudas vara, 1944
Наводи
За понатамошно читање
Категорија:Советски писатели Категорија:Советски уметници Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Родени во 1897 година