В'лчо Добрев Андов, познат по псевдонимот В'лчо Македонецот (Велес — 20 мај 1876, Стара Планина) — македонски ајдут и револуционер. Деец на ајдутското движење во Македонија. Во 1876 година се приклучил во четата на Христо Ботев.
Животопис В'лчо Андов е роден во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот брат Димитар Андов бил просветител од Егзархијата. В'лчо Андов од млада возраст се преселил во Влашко. Таму се запознал со Хаџи Димитар, Стефан Караџа и Филип Тотју. Заедно со велешанецот Арсени Мартинов работеле како фурнаџии во Галац. Помогнал со снабдување на четата на Хаџи Димитар. Поради тоа во 1868 година бил уапсан од Романската власт. Подоцна бил ослободен и се приклучил во четата на Христо Ботев.
В'лчо воено дејствувал со Ботевата чета низ Северна Бугарија. Поради неговото потекло го добил прекарот Македонецот. Според сведоци: В'лчо бил паметен, храбар и издржлив. Загинал на 20 мај 1876 година при судир со турски аскери на Стара Планина.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во 1876 година Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во Бугарија Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонци во Романија