Меурест козинец () — вид на мешункасто растение опишано од Фишер. Astragalus physocalyx е од родот Astragalus и семејството Fabaceae. Во Каталогот на живиот свет не се наведени подвидови.
Опис Astragalus physocalyx е повеќегодишно растение кое расте во групи, со листови кои образуваат розета, чашкините ливчиња везикуларно надуени, а плодот мешунка. Се опрашува со инсекти, а се репродуцира и вегетативно и преку семето.
Живеалиште Меурестиот козинец се развива на силикатна основа во јужни делови, под силното субмедитеранско климатско влијание, во шумскиот појас на Quercus coccifera, на надморска височина од околу 200-300 м. Популацијата се развива во отворени области, кои претставуваат фаза на деградација на асоцијацијата Querco cocciferae–Carpinetum orientalis. Со деградација на оваа шумска заедница, постепено се развиваат суви тревести заедници типични за ридските пасишта.
Распространетост Бугарија Македонија Грција Западна Турција
Македонија Видот Astragalus physocalyx има регистрирана единствена популација на едно место во Македонија, во близина на Богданци. Живеалиштето на видот се наоѓа во многу чувствително подрачје, каде се присутни различни шумарски, градежни и други човекови активности.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Astragalus