мини|Официјално откривање на споменикот на Иван Гундулиќ 1893 годинаОткривањето на споменикот Гундулиќевиот споменик во Дубровник на 20 мај 1893 година —симболичен настан во политичката историја на Дубровник, бидејќи ги изнел на површина пошироките тензии меѓу двете политички страни на градот, Хрватите и Србите-католици во политичките борби пред Првата светска војна во регионот.

Подготовка На седница на 9 март 1880 година, Дубровничкиот општински совет го усвоил предлогот добиен од „Дубровничка младина“, организација позната како дел од српско-католичкото движење во Дубровник, за подигнување споменик за 300 годишнината од раѓањето на Гундулиќ во 1888 година.

Градоначалник на градот во тоа време бил Рафаел „Рафо“ Пуциќ. Било одлучено да се номинира петчлен комитет за да ја надгледува изградбата на споменикот. Членовите биле почитуваните интелектуалци Медо Пуциќ, Перо Будмани, Иво Казначиќ, Мато Водопиќ и Луко Зоре.

Во 1882 година, буџетот предвиден за поставувањето на споменикот изнесувал 11.000 флорини.

Во 1882 година, починал претседателот на надзорниот одбор Медо Пуциќ, како и Иван Август Казначиќ во 1883 година, а Мато Водопиќ се откажал од своето членство кога бил именуван за епископ во 1882 година, како и Будмани кој го напуштил одборот за да се посвети на својата работа за Речникот на Академијата, но воедно работата била попречена и од недостаток на средства.

Кога политичката коалиција на членовите на Српско-католичката и Автономистичката партија повторно започнала со работа на тоа, во 1891 година комитетот бил реконституиран со нови членови: Мариница Ѓорѓи, Лујо Бизаро, Нико Бошковиќ, Иво Богоевиќ, Луко Бона, Брња Кабога, Балдо Костиќ, Влахо Матијевиќ, Јеро Пуљеши, Стијепо Томашевиќ, Луко Зоре и Никола Уцов.

Буџетот за поставување на споменикот бил овојпат зголемен на 15.800 флорини, што било за 4.800 форинти повеќе, а новиот комитет организирал нови начини на финансирање преку рекламирање на потфатот во весници и меѓу разни достоинственици, дури и контактирајќи ги емигрантите во Аргентина.

Споменикот бил подигнат на 20 мај 1893 година на најголемиот плоштад во Дубровник, Полјана. Изработен бил од хрватскиот вајар Иван Рендиќ.

Откривање Откривањето, како и сите официјални прослави во тој период, не биле само културни, туку и силно национални и политички, а членовите на Хрватската партија на правата и Хрватската народна партија се обиделе да доведат што е можно повеќе Хрвати од различни хрватски региони за да му дадат на настанот хрватски национален и политички карактер.

Од друга страна, членовите на Српската партија (српско-католици) се обиделе да соберат што е можно повеќе Срби-католици за да му дадат српски шмек на прославата. Така, собирот станал симбол на поделба меѓу спротивставените национални движења.

Официјално бил откриен на 26 јули 1893 година, од последниот машки член на семејството, баронот Франо Геталдиќ-Гундулиќ.

Наводи

Извори

Дополнително читање

Категорија:Политичка историја на Хрватска Категорија:Српскохрватско движење во Дубровник Категорија:Историја на Дубровник