Улица Цимиски ( , Одос Цимиски) — главна авенија во Солун, вториот град по големина во Грција. Започнува од Солунскиот меѓународен саем, помеѓу улицата Агелаки и улицата Николау Герману и завршува на раскрсницата со улицата Јонос Драгуми, на западната страна од градскиот центар. Улицата Цимиски била именувана по византискиот император Јован Цимискиј и е една од најпрометните улици во центарот на градот Солун и во земјата. Најпрометната точка на улицата Цимиски е нејзината раскрсница со плоштадот Аристотел, кој е главно место за средба на жителите на Солун.
Историја Пред Балканските војни и преземањето на Солун од страна на Грција, патот што се нарекувал „втора паралела“, што се однесувало на неговата местоположба како втора улица изградена паралелно со крајбрежјето на градот, додека другата била улица Проксеноу Коромила. Пред 1890 година, улицата ги поврзувала двете страни на Солун, од источните градски ѕидини до запад. Во 1913 година, кога градот бил во грчки раце, улицата била преименувана по Јован Цимискиј, византиски император познат по своите борби против Бугарите. Името било избрано поради грчко-бугарските тензии во тоа време во врска со тоа кој на крајот ќе го освои градот Солун по Балканските војни.
Улицата го добила својот сегашен облик по Големиот пожар во Солун од 1917 година, кој уништил голем дел од центарот на Солун. Францускиот архитект Ернест Ебрар, кој го дизајнирал новиот генерален план за Солун, бил и оној што го вклучил и сегашниот дизајн за улицата Цимиски. Улицата во нејзиниот сегашен облик била изградена во 1921 година.
Користење
Продавници мини|200x200пкс|Зградата на YMCA (Чант) на плоштадот Чант, од каде што започнува Цимиски мини|200x200пкс|Зградата на Банката на Грција Најистакнатите карактеристики на улицата Цимиски се стотиците разни модни продавници, бутици, луксузни меѓународни стоковни куќи и Фокас, најголемата грчка стоковна куќа во центарот на градот. Улицата Цимиски е исто така дом на трговскиот центар Платеја, кој е најголеми трговски центар во центарот на Солун, во кој се наоѓа мултиплексот Платеја Асос Одеон и има од барови, ресторани, мегапродавница за музика и фитнес центри. Во трговскиот центар се наоѓа и Конзулатот на Соединетите Американски Држави во Солун, како и канцеларијата за врски со Македонија.
Канцеларии Зградите долж улицата Цимиски се дом на многу од поважните канцеларии на градот, како на пример финансиски, рекламни, адвокатски и инженерски фирми. Западниот крај на улицата е исто така дом на финансискиот кварт на градот, каде што се наоѓа зградата на централните канцеларии на Банката на Грција, која се смета за една од нај истакнатите згради во градот. Други банки кои имаат свои централни канцеларии за Солун и северна Грција на улицата Цимиски, се Банката Пиреа, а претходно и Банката на Македонија и Тракија. YMCA во Солун се наоѓа на почетокот на улицата Цимиски, на раскрсницата со улицата Николау Герману.
Сообраќај Улицата Цимиски била проектирана како еднонасочна авенија со четири ленти што се протегала по целата должина на центарот на Солун. Дизајнот се покажал како ефикасен, но со зголемувањето на бројот на автомобили во Солун во последниве години, таа станала преоптоварена. Неодамна била додадена и автобуска лента за забрзување на автобускиот превоз од страна на Организацијата за урбан транспорт на Солун, што ги влошила работите во однос на сообраќајот. При крајот на 2024 година било отворено Солунското метро, во обид да го намали застојот по улицата Цимски.
Галерија
Поврзано Плоштад Аристотел
Наводи
Категорија:Знаменитости во Солун Категорија:Солун Категорија:Статии со текст на грчки