Грозда Никодиноска Јорданоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во заднината на НОД од јануари 1942 година. Чувала илегалци во својот дом и се грижела за нивната безбедност и исхрана и била ползувана како курир. Собирала оружје и муниција. Од септември 1943 година кај неа наминувале илегалци и партизани, кои ги снабдувала со храна и одржувала врска со партизанскиот одред. Собирала податоци за движењето на непријателот. Нејзината активност била откриена и била изложена на терор од балистите. Била бестрашна и во есента 1944 година работела во организирањето на АФЖ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ