Пат кон југот () — американски антологиски филм на ужасите од 2015 г. во режија на Radio Silence, Роксана Бенџамин, Дејвид Брукнер и Патрик Хорват. Продуценти на филмот се Бред Миска и Роксана Бенџамин. Филмот премиерно бил прикажан на Меѓународниот кинофестивал во Торонто на 16 септември 2015 г., а на 5 февруари 2016 г. започнал со ограничено прикажување во кината низ САД.

Филмот бил вклучен на бројни списоци за најдобри филмови на ужасите во 2016 г., вклучувајќи ги и оние на списанијата и порталите Rolling Stone, BuzzFeed и Thrillist.

Содржина На еден пуст дел од автопатот низ пустината, преморени патници — двајца мажи што бегаат од сопственото минато, музичка група на пат кон својот следен настап, човек што се обидува да стигне дома, брат во потрага по својата одамна изгубена сестра и семејство на годишен одмор — се принудени да се соочат со своите најголеми стравови и најмрачни тајни во низа меѓусебно поврзани приказни на ужас и каење на отворениот пат.

Улоги

| Чад Вилела || Мич |- | Мет Бетинели-Олпин || Џек |- | Фабијан Терес || Сејди |- | Хана Маркс || Ева |- | Натали Лав || Ким |- | Кејт Бихан || Кејт |- | Дејви Џонсон || Дејл |- | Сузан Берк || Бети

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски филмови на патот