1818  Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. 1935  Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. 1963  Франција ги повлече поморските сили од НАТО. 1990  Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. 1994  Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 1994  Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. 1996  Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. 21 јуни