Convolvulus cantabrica — тревно повеќегодишно растение кое припаѓа на родот Convolvulus од семејството Convolvulaceae.
Опис Ова растение просечно достигнува висина од 20-50 см. Има едноставни, наизменични, копјести листови, грубо влакнести од двете страни. Широките цветови во облик на инка се актиноморфни („ѕвездести“, „радијални“) и се распоредени на долго ливче на листовните оски. Венечното ливче е обично бледо розово, но може да биде и целосно бело. Цветовите се хермафродити и се опрашуваат од инсекти. Периодот на цветање трае од мај до октомври. Плодовите се сферични капсули со 2–4 кафеави семки.
Распространетост и живеалиште Овој вид потекнува од јужна Европа, и е широко распространет на медитеранските брегови.
Convolvulus cantabrica претпочита карпести места, сончеви падини, ксерофилни прерии, суви тревни површини, и грмушести предели со варовничка почва.
Во Македонија Расте по суви тревести места, камењари, грмушести тревести места, брдски пасишта, проретчени дабови шуми, на варовник, силикат или серпентин, до 1200 метри надморска височина.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 71-72, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Широко распространето растение во Македонија. Познато за Скопската Котлина – Гази Баба, Водно, Сарај, с. Нова Брезница, Жеденска Клисура – с. Рашче, Сува Гора, Тетовско – с. Рогачево, клисурата на реката Пчиња, Блаце, Катланово, Таорска Клисура, Велес, клисурата на реката Тополка, клисурата на реката Бабуна, Богомила, Куманово, Овче Поле, Градско, Криволак, Штип – Исар, Кумлак, Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Кавадарци, Гевгелија – Смрдлива Вода, Богданци, Нов Дојран, клисурата на Раец Река, Прилеп – Козјак, Плетвар, Сивец, Маркови Кули, Македонски Брод, Кичево, Баба Сач, Охрид, Мариово, Пелистер, Дебар, Битола, Скопје, Велес, Скопска Црна Гора и други места.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Acta Plantarum Archived Flora.uniud.it Биолиб Хласек C, кантабрика
Категорија:Флора на Малта Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Повивки