Кртолест гавез () — вид гавез во семејството на лисичинките (Boraginaceae).
Карактеристики на видот лево|мини|190x190пкс|Цветови од кртолест гавез.
Овој вид е повеќегодишна билка, висока 15–40см, со ползечки ризом со повеќе или помалку задебелени, луковични делови. Стеблото е вертикално, неразгрането или малку разгрането, со надолжни ленти, со исправени или полуисправени долги влакна и кратки меки влакна. Базалните листови со долги петелки, умираат за време на цветањето. Стебловните листови се елиптични, широко елиптични, овални, овално-елиптични до копјести, долги 3–15 см,а 1,5–7 см широки, на горната страна обично со влакна се поставени на брадавични израстоци, на долната страна со подолги влакна и кратки меки влакна. Горните листови од стеблото се неподвижни или кратко се спуштаат по стеблото со многу тесни крилца. Цветовите имаат петелки долги 2–6мм покриени со густи, исправени филаменти, собрани во двојни 3–16 во српести соцветија. Чашката е долга 5–8мм (се зголемува по цветањето), поделена е речиси до основата на 5 линеарно-копјести сегменти, со влакнести филаменти. Венчето е долг 13–20мм, светложолтеникава, со широка, овална цевка на королата, во горниот дел со 5 кратки, широко триаголни сегменти на королата со свиткани заби. Грлените лушпи на цветното венче се издолжени-триаголни-копјести, папилозни на работ или со кратки влакна скриени во внатрешноста на венечното ливче. Прашниците имаат кратки филаменти 3–5 мм долги антери, на висина на грлените лушпи. Столбот расте надвор од цветното венче. Ахените се долги 3–4 мм, црни, јајцевидни, со густи папилозно-брадавични израстоци на површината, со назабена прстенеста основа. Стеблото и листовите се обложени со меки влакнаВладо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 125, издавач: МАНУ, Скопје, 2010.
Кртолестиот гавез цвета од април до јуни, но се размножува и бесполово, односно вегетативно, со ризоми кои ѝ овозможуваат да се шири од првобитното место, колонизирајќи се и натпреварувајќи се додека расте. Самите цветови се суптилно бледо кремасто жолти, значајна карактеристика за одвојување на неговиот идентитет од виолетовоцветниот руски гавез. Овој процес продолжува и во есен, а младите клонски растенија може да се видат, додека листовите на матичните растенија скапуваат. Бидејќи е многу отпорна, ова растение е способно да ги преживее северните зими. И стеблата и листовите се меки влакнести, а листовите имаат длабоки вени.
Вообичаените опрашувачи се обичниот бумбар, медоносната пчела и црвената ѕидарска пчела.
Распространетост Кртолестиот гавез може да се најде низ цела Европа. Во Велика Британија е природно помалку чест на југ,Natural England а мапите на дистрибуција покажуваат дека видот е чест во Шкотска и присутен, но невообичаен, низ поголемиот дел од Англија и Велс.
На островот Скај сега има добро воспоставена и широка распространетост благодарение на садењето, ова се случило и во Ирска. Западниот брег на Северна Америка има голем број на воведени места на крстолест гавез. Расте во чистинки, на ливади, покрај реки, на рабовите на дабови и букови шуми, на планински пасишта до 2250м.
Во Македонија
Кртолестиот гавез е забележан во Пелистер, Јакупица, Дренска Планина, Маврово, Скопска Црна Гора, Водно и др места.
Медицинска употреба Народните вообичаени имиња ја откриваат лековитата улога што ја играле кртолестите гавез и разните хибридни гавези во билната медицина низ вековите. Во овие традиционални лекови, рецептите ги користат листовите и корените, при што првите се користат за забрзување на заздравувањето на помали гребнатини преку нивно директно нанесување на оштетената кожа како облога. Кртолестиот гавез може да се се користи на местото на црвениот гавез, односно за замена во одсуство на црвен гавез. Содржи и танини, гликозиди, смола, есенцијално масло и аспарагин и алантоинот, кој е главната активна супстанција со силна способност да го стимулира растот на клетките во коските, сврзното и поткожното ткиво.
Кртолестиот гавез може да се најде покрај реки и потоци и може да се најде дури и во најниските предели и е по застапен од црвениот. мини|Во нивното живеалиште мини|Цвет од кртолест гавез Се користи тинктура против болки, зараснување на коските, против скршеници и реума. Се користи само за надворешна употреба.
Кулинарска употреба Напролет, свежите млади листови може да се користат како билка во готвени рецепти, но поради нивната влакнеста природа и благо токсичните својства, тие не се јадат сурови. Како и кај глуварчето, коренот претставува вкусна и некисела алтернатива на кафето откако ќе се подготви, ќе се испече додека не стане кафеаво и кршливо, и ќе се сомеле во прав.
Наводи
Категорија:Гавез Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа