Papaver apulum — цветно растение кое припаѓа на родот Papaver и семејството Papaveraceae.Hassler M. (2019). World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World (version Nov 2018). In: Species 2000 & ITIS Catalogue of Life, 2019 Annual Checklist (Roskov Y., Ower G., Orrell T., Nicolson D., Bailly N., Kirk P.M., Bourgoin T., DeWalt R.E., Decock W., Nieukerken E. van, Zarucchi J., Penev L., eds.). Digital resource at www.catalogueoflife.org/annual-checklist/2019. Species 2000: Naturalis, Leiden, the Netherlands. ISSN 2405-884X. Првпат научно го опишал Тенoре во 1826 година.
Опис
Papaver apulum е променливо едногодишно растение високо до 40 сантиметри. Стеблото од основата е силно разгрането, во базалниот дел е со расеани влакна, а во горниот дел е со ретки и прилегнати влакна. Листовите се голи или со ретки прилегнати влакна, и тоа најчесто по рабовите на листовите или по средната жила на долната страна на листот, двојно пересто насечени, при што сегментите на базалните листови се елиптични, а на стеблените листови линејни; сегментите на врвот завршуваат со многу куси осилички.
Цветовите се поединечни и на долги дршки, пупките се широко јајцевидни, чашкините ливчиња се две на број со сивозелена боја, ретки влакна и бргу паѓаат. Венечните ливчиња се четири на број, гримизно црвени или розови, со должина од 20–25 mm долги, обратно овални, со темна дамка во основата и лесно отпадат. Филаментите во горниот дел се проширени, темновиолетови, антерите исто така виолетови. Кутијката е долга 10 mm и е во овална форма, со слаби надолжни ребра, со многубројни расеани или косо поставени бели или слабожолтеникави четинки, се отвора со 4–7 кружлести отвори. Дискот е 3–4 mm во пречник, со 4–7 радијално поставени жиги а семките се бубрежовидни, кафеави и со мрежести вдлабнатини.
Распространетост во Македонија
Papaver apulum растат на суви песокливи и тревести места. Тоа е многу ретко растение. Во Македонија е најзастапено за околината на Битола, а се посочува и за околината на Габрово (Струмичко) и Скопска Црна Гора, меѓутоа лесно може да биде заменет со некој друг вид.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1826 година Категорија:Афион (род) Категорија:Флора на Македонија