Светилникот Делимара е активен светилник на островот Малта. Тоа е вториот светилник изграден на точката Делимара во близина на Марсашлок, на јужниот крај од островот. Оригиналниот светилник, кој бил изграден кон средината на 19 век, сè уште постои покрај помодерната правоаголна кула која била отворена во 1990 година. Оваа понова двокатна зграда има прозорци за набљудување, со радар и антени монтирани на покривот, и се користи за контрола на крајбрежниот сообраќај.

Светилникот има поглед на Марсаскала и Биржебуѓа, кој се наоѓа спроти светилникот. Исто така е блиску до базенот „Свети Петар“. Оригиналниот светилник од 1850-ти години е сè уште присутен и е во близина на современата правоаголна двокатна кула што била отворена во 1990 година.

Историја лево|мини|Реставрираниот светилник од 19 век Првиот светилник бил отворен во 1855 година. Бил изграден истовремено со светилникот Ѓордан, кој го означува северниот крај на островот Гозо. И двата светилника биле изградени за време на британската власт на островите.

Првичниот систем на осветлување произведувал постојано црвено светло, и користел ламби напојувани со маслиново масло. Овој систем бил заменет во 1896 година со ротирачки оптички систем испорачан од браќата Ченс од Сметвик, кој користел ротирачка маса поврзана со Френелова леќа за да произведе наизменично црвено-бело светло на секои триесет секунди. Апаратот се напојувал со тежина што полека се спуштала од собата со фенери, која управувала со механизам на часовник што ја вртел масата со зададена ротација. Се осветлувал со ламби напојувани со парафин, кој се чувал во бакарен резервоар со украсни месингани делови.

Светилката продолжила да работи сè до 1990 година, кога била деактивирана. Зградата, која се состои од осумаголна кула од 22 метри и двокатна куќа, се покажала во лоша состојба и била предадена на Дин л-Арт Хелва за реновирање.

Низ годините, светилникот Делимара служел како светилник за малтешката бродоградбена индустрија. Некои го сметаат и за обележје на британската архитектура.

Реставрација Реставрацијата била извршена во три фази. Првиот дел од реновирањето вклучувал реставрација на надворешниот дел од кулата. Надворешните отвори требало да се одржуваат, а изгубените дрвени отвори биле сменети. Покрај тоа, целата структура на светилникот била реставрирана, вклучувајќи ги оштетувањата на ѕидовите, дрвените отвори, покривот и кулата со фенер, кои биле во умерена состојба на зачувување пред реновирањето. Сите наслаги од цемент што биле вклучени во претходните години, сега биле отстранети, а спојките со малтер биле малтерисани со мешавина врз база на хидраулична вар.

Втората фаза се концентрирала на внатрешноста на светилникот. Билеа извршени работи како што се водовод и електрична инсталација, одржување на внатрешните отвори и поставување кујна и бањи со цел светилникот да се претвори во средина погодна за живеење. Овие реставрациски проекти биле завршени до првите месеци од 2008 година.

Третата и последна фаза вклучувала реставрација на механизмот и машината за фенер. Ова вклучува куќиште на фенерот и гасни призми. Завршувањето на последната фаза траело 5 години. Реставрацијата била спонзорирана од Малтешкиот поморски орган, а ја спроведувал Дин л-Арт Хелва, а ја поддржало осигурувањето ГасанМамо. Крајната цел на проектот, покрај враќањето на животот на важен историски споменик преку делата на волонтерите, било да им се понуди сместување на посетителите на историски локалитет.

Сместување Сместувањето на чуварот на светилникот во Делимара е трансформирано во два апартмани достапни за изнајмување. Во апартманите можат да се сместат вкупно до десет лица, по пет во секој стан. Тие се наоѓаат околу централната инка на светилникот и имаат поглед на околниот брег.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Светилници на Малта