Големо Нишел или само Нишел (, Нисели, книжевно: Νησέλιον, Ниселион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на пет километри јужно од градот Гида, крај главниот пат што води од Гида за Катерина, на надморска височина од 10 метри.

Сместено е во областа Урумлак, на левиот брег на реката Бистрица.

Историја

К’нчов и Бранков го претставуваат како македонска населба со 265 жители Македонци.

По Првата светска војна во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во Големо Нишел биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 86 жители..

Стопанство

Селото е мошне богато, а населението главно се занимава со земјоделство. Основни производи се памук, шеќерна репка, пченица и друго.

Население

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Големо Нишел (Бујук Ајнисел, Ниши) е село во Берската Каза и во него живееле 265 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Нишел (Golemo-Nichal Beyouk-Aï-Nessel, Nichi) живееле 265 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.

Со пописот од 1913 година било забележано со 260, а во 1920 година со 279 жители. По 1923 година, бидејќи селото било чифлигарско, грчките власти во него сместиле 22 бегалски семејства со вкупно 86 жители. Така селото станало мешано, во кое во 1928 година биле попишани 338 жители, во 1940 година 559, во 1951 година 658, во 1961 година 794, во 1971 година 761, во 1981 година 794, а во 1991 година 791 жител. Зголемувањето на бројот на населението по 1928 година се должело на извршените мелиорации, на новодобиените плодни обработливи површини, поради кои биле доселени и други семејства, како и на добрите комуникации.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 733 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 653 жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гида, во кој покрај градот Гида, влегуваат и селата Големо Нишел и Шкинат.

Наводи

Категорија:Гида