десно|мини|260x260пкс|Слика од езерото Сиеча во 1855 година десно|мини|260x260пкс|Познатиот сплав Муиска.Сличен сплав на овој бил пронајден во езерото Сиеха, но бил изгубен како резултат на пожарна брод на пристаништето Бремен. Сиеча — целина од три леднички езера, кои се сместени во Националниот парк Чингаза, поточно во Кундинамарка (департман), Колумбија. Во религијата на Муиските, овие езера се сметаат за свети. Воедно овј народ ја населувале оваа област пред шпанското освојување кое се случило во 1530-тите.
Географија Сиеча се група планински езера сместени во високопланински регион. Езерата се на надморска височина од над 3.000 метри.
Местоположба Овие езера можат да се сретнат во планинските појаси за кои е карактеристичен карпестиот релјеф и студената клима.
Површина и длабочина Овие езера имаат различна зафатнина, односно различна површина и длабочина, се во зависност од сезоната и местото каде се наоѓаат.
Клима Областите кои се карактеристични за овие езера, имаат студена планинска клима - снежни зими и свежи лета.
Туризам На местата каде можат да се најде овие езера, има мошне развиен туризам, односно овие области се погодни за планинарење, кампување и фотографија.
Етимологија На јазикот на кој зборуваат Муиските, јазикот чибча, во превод сиеча значи „Воден човек“ или „Човек на водата“. Description of the Siecha Lakes
Опис Езерата Сиеча претставуваат целина на три мали леднички езера, различни по големина и лоцираност. Сиеча (63.893 м2), Гваска (56.846 м2) и Де лос Патос (20.662 м2). Постојат и алтернативни имиња за помалите две езера: Фаусто и Америка. Езерата се во општината Гваска. Фауната околу езерата е претставена преку птиците американски пурпурна галинула, шлемски курасоу, поројна патка, андски петел од карпата, орли и портокалов папагал. Можат да се најдат и други видови на птици, како: Андски тиркиз и Американска лиска. Цицачите околу езерата вклучуваат очилна мечка, белоопашест елен и обичен елен.
Историја Во колонијалниот период, езерата биле делумно исушени се со една цел - извлекување на златните артефакти на од самата вода на езерата. Во 1855 година, во едно од езерата бил пронајден златен сплав, кој наликувал на познатиот сплав Муиска. Познат е под името Балса де Сиеча или „Сплав Сиеча“ и е претставен во книгата „Елдорадо“ напишана во 1883 година од научникот на Муиска, Либорио Зерда. Откривањето на сплавот го натерало Зерда да верува дека местото на ритуалот на иницијација на новата зипа не било во езерото Гватавита, туку во езерата Сиеча. Подоцна, сплавот бил повеќе или помалку легално однесен од Колумбија во Европа. Транспортниот брод изгорел во пристаништето во Бремен и сплавот бил изгубен.
Туризам За посетување на местата каде ги има овие езера или поточно за посетување на езерата, има посебни правила кои важат за посетителите и мора да се почитуваат:
- Посетите се можни само во сабота и недела;
- Пристапот на влезот мора да биде најдоцна до 10:00 часот наутро, а излезот не по 16:00 часот;
- Дозволени се максимум 30 посетители дневно.
Поврзано
Тота (езеро)
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Планинарење на Сиеча
Категорија:Езера во Колумбија Категорија:Координати на Википодатоците