Скилич (од 1970 г. носи името Старо Скилич; , Палео Скилици) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на дванаесет километри западно од градот Гида и два километри северно од главниот пат што од Гида води за градот Бер, на надморска височина од 14 метри. Селскиот атар зафаќа површина од вкупно 14 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја

Селото уште од порано, како и другите села во областа Урумлак, било населено со грчко население.

По Првата светска војна во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во Скилич биле сместени 25 бегалски семејства со вкупно 95 жители..

По основањето на селото Ново Скилич, селото било преименувано во Старо Скилич. Во 1970 година, Ново Скилич било преименувано во Калохори (Καλοχώρι).Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέον Σκυλίτσιον -- Καλοχώριον

Стопанство

Населението главно се занимава со земјоделство. Основни производи на селото се памукот и шеќерната репка.

Население

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Скилич (Шкиличи), Берска Каза, живееле 80 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Скилич Шкиличи (Skilitch Chkilitchi) живееле 75 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.

Во пописот од 1913 година, селото е забележано со 73 жители, а во 1920 година со 107 жители. Во 1923 година биле сместени и бегалски семејства во новоизградената населба наречена Ново Скилич, така што селото во 1928 година имало само 126 жители. По извршените мелиорации и исушувањето на Ениџевардарското Блато тука биле сместени и поголем број на бегалски семејства, поради што во 1940 година бројот на жители пораснал на 632. Во 1951 година имало 574, во 1961 година 652, во 1971 година 669, во 1981 година 696, а во 1991 година 647 жители..

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 649 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 526 жители.

Знаменитости Црква „Св. Никола“ — старата црква во селото Црква „Св. Константин и Елена“ од 1980-тите

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Скилич, во кој е единствено село.

Наводи

Категорија:Гида