Агрелит (NaCa2Si4O10F) е редок триклинички иносиликатен минерал со четирипериодични единечни ланци на силициумски тетраедри.

Агелитот по боја е бел до сив проѕирен минерал, со бисерен сјај и бели линии. Има Мосова тврдост од 5,5 и специфична тежина од 2,8. Неговиот типски локалитет е алкалниот комплекс Кипава, Квебек, Канада, каде што се јавува како табеларни летви во пегматитни леќи. Други локалитети каде е пронајден се: Мурманска област, Русија, ледникот Дара-и-Пиоз, Таџикистан и комплексот Саима, Лиаонинг, Кина. Вообичаени содружници на типскиот локалитет вклучуваат: циркон, еудијалит, власовит, мизерит, мосандрит-(Ce) и калцит.

Агрелитот покажува силна розова флуоресценција под кратки бранови и слаба под долгобранова ултравиолетова светлина. Флуоресцентниот активатор е доминантно Mn2+, со мали Eu2+, Sm3 + и Dy3+.

Именуван е во чест на Стјуарт Олоф Агрел (1913–1996), британски минералог на Универзитетот во Кембриџ.

Поврзано

Список на минерали Список на минерали именувани по луѓе

Наводи

Категорија:Триклински минерали Категорија:Минерали на флуорот Категорија:Иносиликати Категорија:Минерали на калциумот Категорија:Минерали на натриумот Категорија:Минералогија