Ослободување — двонеделен комунистички весник, главен печатен орган на Емигрантскиот комунистички сојуз во Софија, Царство Бугарија. Главен уредник бил Димо Хаџи Димов заедно со Васил Главинов.

Историјат После неуспехот на Привременото претставништво во 1919 година, македонските социјалисти во 1920 година го основале Емигрантскиот комунистички сојуз. ЕКС функционирала како огранок на Бугарската комунистичка партија. Главен печатен орган на организацијата било весникот „Ослободување“. +ИзданиеГодинаБројДатумI1 — 301 мај 1920 — 16 април 1921II1 — 481 мај 1921 — 15 април 1922III1 — 481 мај 1922 — 30 март 1923IV1 — 96 април 1923 — 8 јуни 1923 Весникот бил двонеделен и главен уредник бил Димо Хаџи Димов заедно со Васил Главинов. Со весникот ги ширеле социјалистичките ставови на БКП меѓу македонското емигрантско население. Георги Димитров, Димитар Благоев, Владимир Поп Томов и други социјалисти пишувале статии во весникот. После Деветтојунскиот преврат, весникот е забранет.

Наводи

Категорија:Весници на македонската дијаспора Категорија:Појавено во 1920 година Категорија:Престаноци во 1923 година Категорија:Бугарска комунистичка партија Категорија:Македонски весници Категорија:Македонски списанија