Бледит — хидриран минерал од натриум магнезиум сулфат со формула Na2Mg(SO4)2·4H2O. Минералот е бистар до жолт по боја, често потемнет од инклузии и формира моноклинични кристали.

Блодит првпат бил опишан во 1821 година за појава во наоѓалиште на сол во Ишлер Салцберг, Бад Ишл, Гмунден, Австрија, а бил именуван по германскиот минералог и хемичар Карл Август Блоде (1773-1820).

Се среќава низ целиот свет во евапоритски седиментни средини како што е Големото Солено Езеро, Јута.

Наводи

лево|мини|Кристал од Сода Лејк (големина: 2,9 × 2,2 × 1,4 см)

Категорија:Евапорит Категорија:Моноклински минерали Категорија:Сулфатни минерали Категорија:Минерали на магнезиумот Категорија:Минерали на натриумот