Славка Јовановска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис мини|Славка Јовановска е носител на Партизанска споменица 1941. Таа била монополска работничка. Во јуни 1941 година била опфатена во скоевска група во Тетово и за кратко време станала секретар на групата. Кон крајот на 1941 година била примена за кандидат на КПЈ, а на 15 декември 1942 година за член на КПЈ. Во 1942 година во нејзиниот дом била изградена скривница за илегалци. Таа се грижела за исхраната на илегалците. Собирала народна помош. Во 1943 година била секретар на партиска келија. Учествувала во работата на партиската техника.

Во една акција кога пишувала пароли по ѕидовитe била фатена од окупаторската полиција. Во затворот имала одлично држање и поради недавање доволно докази наскоро била пуштена на слобода. Од август 1943 година станала член на Месниот Комитет на КПМ - Тетово, одговорна по младината. Во февруари 1944 година кај неа доаѓале курири од тетовскиот крај. Носител е на Партизанска споменица и други одликувања.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941