Манганофилит — биотит богат со манган. Првпат бил откриен во рудникот Харстиген во Шведска, а првпат бил опишан во 1890 година. Најраната употреба била од Едвард Дана.

Етимологија Името манганофилит укажува на тоа што минералот е богат со манган, бидејќи името потекнува од зборот мангано-, кој се користи за супстанции што содржат манган во хемијата. Манганоан биотит е единствениот синоним за манганофлит.

Својства Покажува плеохроични својства, што е оптички феномен. Во зависност од аголот на испитување на минералот, неговата боја се разликува. На α оптичката оска, минералот е бледо розов до розов, со портокалова нијанса, на β и γ оските се гледа во жолтеникаво-кафеава до темно кафеава боја. На γ, може да биде и жолтеникаво-кафеав, повремено со розова или црвеникаво-кафеава нијанса. Плеохроизмот значително се разликува, а во неколку случаи е близок до плеохроизмот на биотит кога манганофилитот е меѓуслоен. Оптичките аксијални агли се разликуваат помеѓу 0° и 40°. Причината за ова е непозната, но постојат повеќе теории. Може да се должи на влијанието на железото или манганот врз оптичките карактеристики на минералот. Друга теорија сугерира дека тоа се должи на тоа што миките се едноосни или двоосни. Друга студија, исто така, ги нагласува оптичките својства на минералите. Притоа, неколку од примероците имаат оптичка рамнина нормална на (010), наместо да се паралелна со неа. Причината за аномалиите во тој случај е неутврдена, и покрај тоа што ориентацијата на споменатите примероци е утврдена со рендгенски методи. Минералот има хексагонална кристална структура. Хемиските тестови, исто така, покажале голема количина на железо и магнезиум. Постојат примери на моноклинични структури со 1 и 2 слоја, но сè уште не е откриена 3-слојна структура. Минералите со многу мал 2V се приближуваат кон оваа 3-слојна хексагонална структура и покажуваат збратимување на (001) од тенки листови, исто како кај едноосните лепидолити. Понатамошната хемиска инспекција, исто така, не покажува корелација помеѓу полиморфизмот и составот. Во примероците со 1 слој, количината на магнезиум и железо се разликува од минерал до минерал. Доколку ова се изрази во бројки, количината на Fe2O3 се движи помеѓу 0 и 16,94%. Други испитувања покажуваат FeO помеѓу 0 и 2,54%, MgO помеѓу 21,18 и 29,28%, MnO помеѓу 0 и 9,25%, Mn2O3 помеѓу 0 и 8,30% и TiO2 помеѓу 0 и 0,55%.

Класификација Од достапните податоци, сигурно е дека составот на мика постојано варира, па затоа било тешко точно да се каже од кој вид е. Според некои научници, тој потекнува од амфибол, бидејќи обично се поврзува со него, но подетално испитување под микроскоп покажува поинаку, бидејќи манганофилитот може да се пронајде и во винхит-фордит, а исто така и во кварц-фелдспат, па затоа неговото потекло било неизвесно. Меѓутоа, во 1966 година, се сметало дека минералот е најчесто поврзан, а понекогаш и испреплетен со биотит. Исто така, било откриено дека врската на манганофилитот со други минерали и неговата метаморфна текстура сугерираат дека мора да потекнува од седименти богати со манган, железо и магнезиум. Денеситот се смета за член на групата биотит, варијантаи нкако а биотит богата со манган.

Наводи

Категорија:Минерали Категорија:Минерали на манганот Категорија:Моноклински минерали