мини|Перл Џем Pearl Jam (се чита: Перл џем) — американска рок-група, создадена во Сиетл во 1990 година. Таа е една од најпопуларните групи во почетокот на 1990-тите заедно со Nirvana и Soundgarden.
Од самиот почеток, бендот бил формиран од страна на Еди Ведер како водечки вокал и гитара, Џеф Ејмент свирел на бас гитара, Стоун Госард бил ритам гитарист и Мајк Мекриди бил на соло гитара. Тапанарот Мет Камерон член на бендот станал во 1998 година, како тапанар и на Саундгарден. Pearl Jam се префрлиле на актуелната сцена со деби албумот Ten по распаѓањето на претходниот бенд на Ејмент и Госард – „Mother Love Bone“.
Pearl Jam биле критикувани како големи материјалисти на алтернативната рок експанзија како еден од главните бендови во почетокот на 90-тите години. Сепак, со текот на кариерата на бендот, членовите одбивале да се придржуваат на традиционалните практикувања во музичката индустрија и правење на музички записи како и вклучување во објавениот бојкот на Тикетмастер. Ролинг Стоун во 2006 година го опишале бендот како „бенд кој изминатата декада намерно ја уништил својата слава.
Бендот продал преку 30 милиони плочи во САД, и околу 60 милиони насекаде во светот уште од самиот почеток.. Pearl Jam траел многу подолго отколку другите бендови од алтернативниот рок пробив во почетокот на 1990-тите години и се смета за еден од највлијателните бендови на декадата. „Allmusic“ (All Music Guide, AMG) ги опишува Pearl Jam како „најпопуларниот рокендрол бенд на 90-тите години“.
Историја
Формирање
Во периодот од 1984 до 1990 година Стоун Госард и Џеф Ејмент биле членови на пионирскиот гранџ бенд Грин Ривер во средината на 80-тите години. Грин Ривер правел музички турнеи и снимал плочи за солиден успех, но бендот се распаднал во 1987 година поради стилска поделба помеѓу другарите од бендот Марк Арм и Стив ТарнерAzerrad, Michael. Our Band Could Be Your Life. Little Brown and Company, 2001. ISBN 0-316-78753-1, pg. 422. Кон крајот на 1987 година, Госард и Ејмент започнале да соработуваат со Ендрју Вуд, вокалот на Malfunkshun што резултирало со создавање на бендот „Mother Love Bone“. Во 1988 и 1989 година, бендот снимал албуми и правел турнеи на сѐ поголем интерес и со поддршката на издавачката куќа PolyGram склучиле договор во почетокот на 1989 година. Деби албумот ”Apple” на бендот „Mother Love Bone“ бил пуштен во продажба во јули 1990 година, четири месеци откако Вуд починал од предозирање со хероин. Ејмент и Госард биле уништени од смртта на Вуд што довело до распаѓање на бендот „Mother Love Bone“. Госард, по ова го поминуваше своето време пишувајќи „по мрачен“ материјал од оној кој го пишувал претходно. По неколку месеци, Госард започнал да вежба со Мајк Мекриди- гитарист од Сиетл чиј бенд Shadow претходно се распаднал. Мекриди за возврат го охрабрувал Госард повторно да се здружи со Ејмент.
По кратко време соработка, триото испратило демо-лента со пет песни на неа за да најдат вокалист и тапанар. Демото му го дале на поранешниот тапанар на Red Hot Chili Pepers, Џек Ајронс за да види дали би бил заинтересиран да се придружи во бендот и да го даде демото на некој кој тој смета дека би можел да се совпадне како водечки вокал во бендот. Ајронс не ја прифати поканата, но демото го дал на неговиот другар од кошарка - пејачот Еди Ведер од Сан Диего, КалифорнијаWall, Mick. "Alive". Nirvana and the Story of Grunge. Q p. 95. Ведер бил главниот вокал во бендот од Сан Диего, Bad Radio и работел на скратено работно време на бензиска станица. Тој ги слушнал песните на лентата, кратко пред да оди на сурфање и текстовите му се допаднале. Потоа снимиле три од песните на лентата („Alive”,„Once”,и „Footsteps”) кои по објавувањето ги опишал како мини-опера со наслов „Mamasan“. Ведер ја вратил лентата со снимените песни на тројцата музичари од Сиетл кои биле доволно воодушевени за да дојде Ведер на аудиција во Сиетл. За една недела, Ведер се придружил на бендот. Бендот го добил името Mookie Bleylock по активниот тогаш „All Star” кошаркарски играч, по поставувањето на Дејв Крусен како тапанар во бендот.
Првото официјално шоу, бендот го доживеало во „Off Ramp Café” на 22 октомври 1990 година во Сиетл и наскоро потпишал договор со Epic Records. Сепак, поради грижите од можни проблеми со авторски права, бендот морал да го промени името и новото име гласело Pearl Jam. Во едно промотивно интервју, Ведер раскажач дека името на бенот се однесувало на неговата пра-баба Перл која била омажена со американски староседелец и имала специјален рецепт за џем од пејот (вид кактус)Neely, Kim. "Right Here, Right Now". Rolling Stone. October 31, 1991.. Сепак, во 2006 година на насловната страна на списанието Ролинг Стоун, Ведер признал дека приказната е „тотално срање“ (иако навистина имал пра-баба која се викала Перл).Ејмент и Мекриди објасниле дека Ејмент го смислил името перл и дека бендот го добил своето име откако присуствувале на концерт на Neil Young кој ги проширил своите песни со импровизација од 15-20 минути по должина, практика позната како џеминг (jamming -музички акт каде што музичарите свират со импровизација без голема подготовка или предефинирани аранжмани).
Ten
thumb|right
Pearl Jam го сминил својот деби албум „Ten“ во март 1991 година во „London Bridge Studios” во СиетлPearlman, Nina. "Black Days". Guitar World. December 2002.. Мекриди изјавил дека „Ten” бил повеќе на Стоун и Џеф, а додека Мекриди и Еди тогаш учествувале пасивно“Weisbard, Eric, et al. "Ten Past Ten". Spin. August 2001.. Крусен го напуштил бендот во мај 1991 година откако се пријавил на рехабилитацијаGreene, Jo-Ann. "Pearl Jam and the Secret History of Seattle Part 2." Goldmine. August 1993..Мет Чемберлејн го зазел местото на Крусен кој претходно имал свирено со Edie Brickell и New Bohemians. Откако свирел во само неколку шоуа, вклучувајќи го и снимањето на видео записот на песната „Alive”., Чемберлејн го напуштил бендот и станал член на бендот „Saturday Night Live”. Чемберлејн го предложил Дејв Абруцезе за своја замена. Абрузес се приклучил на групата и свирл на останатите шоуа на Pearl Jam, поддржувајќи го албумот Тен.
Објавен на 27 август 1991 година, „Тен“ (наречен според бројот од Џерси (кошаркарски тим) на Муки Блејлок)се состои од 11 песни кои опфаќа темни теми како на пример депресија, самоубиство, осаменост и убиство.. Музичкиот стил на „Тен“ кој имал влијание од класичниот рок, комбинирал „проширен хармоничен вокабулар“ со „свечен“ звук. Албумот се продавал бавно, но до втората половина на 1992 година се стекнал со пробивен успех, како потврдено злато и достигнал на второто место на „Billboard“ топ листите. „Ten” ги содржи хитовите „Alive”, ”Even Flow”и ”Jeremy”. Првобитно изведена како химна на многу,, Ведер подоцна открил дека „Alive” раскажува полубиографска приказна за син кој открива дека татко му е всушност негов очув, додека тагата на мајка му ја тера таа сексуално да го прегрне својот син кој премногу наликува на својот биолошки татко. Песната „Jeremy” и нејзиното видео запис биле инспирирани од вистинска приказна во која средношколец се самоубил пред неговите соученици. ”Ten” останал на „Billboard” топ листите повеќе од 2 години и се стремел да стане еден од најмногу продаваните рок плочи, постанувајќи 13 пати платина плоча.
Со успехот на албумот „Ten”, Pearl Jam станале клучни членови на гранџ експанзијата во Сиетл заедно со Alice in Chains, Nirvana и Soundgarden. Музичките новинари го критикувале бендот. Британското музичко списание „NME” изјавило дека Pearl Jam „се обидуват да крадат пари од џебовите на младите“Gilbert, Jeff. "New Power Generation". Guitar World: Nirvana and the Seattle Sound. 1993.. Пејачот на Нирвана, Курт Кобеjн луто ги нападнал Pearl Jam тврдејќи дека бендот е комерцијална распродажбаAl & Cake. "An interview with...Kurt Cobain". Flipside. May/June 1992. и тврдел дека „Ten” не е вистински алтернативен албум бидејќи во него има истакнати гитаристи. Кобејн подоцна се смирил со Еди Ведер и тие наводно биле пријатели пред самоубиството на Кобејн во 1994 година.
Ејмент изјавил дека„ „Ten”, во суштина, бил само изговор за турнеја, додавајќи: „Ние ѝ кажавме на издавачката куќа,‘Ние знаеме дека можеме да бидеме одличен бенд, затоа ајде да ја искоритиме можноста и да излеземе надвор и да свириме“Coryat, Karl. "Godfather of the 'G' Word". Bass Player magazine. April 1994.. Менаџерот на бендот, Кели Куртис, изјавил „штом луѓето дојдоа и ги видоа во живо, оваа искра нема да згасне". За време на нивната прва турнеја, некако се знаело дека тоа се случува и дека нема да запре.“ Во почетокот на кариерата на Pearl Jam, бендот станал познат по нивните жестоки настапи во живо. Гледајќи наназад, на ова време, Ведер изјавил дека „да се свири музика и потоа да се добие шанса за снимање на плоча и да се има публика и ствари, тоа е како нескротлива сила...Но тоа не произлезе од „копиран“ менталитет. Во 1992 година, Pearl Jam се појавиле на емисиите „Saturday Night Live”и”MTV Unplugged” и зазел место на летната турнеја на Лолапалоз заедно со Red Hot Chili Peppers, Soundgarden и Ministry, помеѓу другите. Бендот придонел со 2 песни како саундтрак на филмот „Singles“ на Камерон Кроув во 1992 година:”State of Love and Trust”и”Breath”.
Ејмент, Госард и Ведер се појавиле во филмот „Singles“ под името „Граѓанинот Дик“;нивните улоги биле снимани кога Pearl Jam биле познати под името Mookie Bleylock.
„Vitalogy“ и справување со успехот (1993 — 1995)
Членовите на бендот започнале да се здобиваат со успехот потешко, додека целиот товар од популарноста на Pearl Jam паднал врз водечкиот вокалист Ведер. Додека Pearl Jam освоил четири награди на „MTV” Видео Музичките Награди за видео записот на песната „Jeremy”,вклучувајќи видео запис на годината и најдобро видео на група, бендот одбивал да направи видео запис на песната „Black”, иако групата билапод притисок од продуцентската куќа за издавање. Оваа одлука, да се одбива да се прават видео записи и на следните песни, станало тренд на бендот. Стана општо познато дека музичките видео записи биле едни од највиталните продажни средства што еден бенд ги има како свое оружјеNeely, Kim. Five Against One: The Pearl Jam Story. "The Lost 'Jeremy' Video. pp. 109-113. New York, NY. Penguin Books.. Сепак, Ведер сметал дека концептот на музичките видео записи го попречуваат слушателот во создавањето на свое толкување на песната, наведувајќи дека „Кога сè уште немаше музички видео записи, би слушал песна со слушалките ставени на тебе, седејќи на полнета вреќа со затворени очи, и самиот би си замислувал, сѐ она што доаѓа одвнатре. И одеднаж, понекогаш дури и првпат кога ја слушаш песната, со помош на тие визуелни слики би те одтргнале од каква било форма на самоизразување.“ Ејмент изјавил: „Не сакам луѓето да се сеќаваат на нашите песни со видео записи и десет години од сега.“ thumb|right|Тапанарот Мет Камерун