Вол или бивол (, , ) — второ од дванаесетте животни од кинескиот зодијак, поврзан со циклус во кинескиот календар и други календари.

Годината на волот се бележи со симболот на земската гранка чоу (丑). Постојат и месез на волот и час на волот. Второспоменатиот е всушност „двоен час“, од 01:00 до 03:00 ч. Годините на волот се разликуваат според циклусот на небесни стебла, така што постојат пет различни години на волот во период од 60 години. Секоја воловска година е поврзана со еден елемент: оган ( хуо), вода ( шуеј), дрво ( му), метал ( ѓин) и земја ( ту).

Етимологија Кинескиот збор ниу (牛) може да се однесува на крава, бик, скопени говеда или бивол. Затоа, ова зодијачко животното нема подразбран пол.

Во зодијакот

Поимот „зодијак“ се однесува на класификацијата заснована на месечевиот календар каде секоја година има свое животно во повторлив 12-годишен циклус и тоа животно ја карактеризира годината. Циклусот е заокружување на орбиталниот период на Јупитер, кој трае 11,85 години. Иако потекнува од Кина, овој зодијак веќе долго време е одомаќинет (со извеснии измени) во другите источноазиски земји како Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам, Камбоџа и Тајланд. Волот симболизира трудољубивост и трпение. Се смета дека луѓето со овој знак се многу истрајни и своеглави.

Големата трка Според старите преданија, Жадниот Цар одржал трка за да определи кои животни ќе бидат во календарот, и по кој редослед. Се состоела од трчање и пливање, и пред целта животние морале да преминат голема река. Бидејќи волот бил голем и силен, стаорецот го замолил волот да седи на грб, но неблагодарно скокнал во последен момент пред целта и ја освоил трката.

Годините и петте елементи

Луѓето родени во овие датумски опсези се родени во „Година на волот“, и може да носат еден од овие елементни знаци:

Почетен датум Завршен датум Небесна гранка31 јануари 180517 јануари 1806дрвен вол17 јануари 18174 февруари 1818огнен вол4 февруари 182924 јануари 1830земјен вол23 јануари 18419 февруари 1842метален вол8 февруари 185328 јануари 1854воден вол27 јануари 186512 февруари 1866дрвен вол13 февруари 18771 февруари 1878огнен вол31 јануари 1889 20 јануари 1890земјен вол 19 февруари 1901 5 февруари 1902 метален вол 6 февруари 1913 25 јануари 1914 воден вол 24 јануари 1925 12 февруари 1926 дрвен вол 11 февруари 1937 30 јануари 1938 огнен вол 29 јануари 1949 16 февруари 1950 земјен вол 15 февруари 1961 4 февруари 1962 метален вол 3 февруари 1973 22 јануари 1974 воден вол 20 февруари 1985 8 февруари 1986 дрвен вол 7 февруари 1997 27 јануари 1998 огнен вол 26 јануари 2009 13 февруари 2010 земјен вол 12 февруари 2021 30 јануари 2022 метален вол 31 јануари 2033 18 февруари 2034 воден вол 17 февруари 2045 5 февруари 2046 дрвен вол 4 февруари 2057 23 јануари 2058 огнен вол 23 јануари 2069 10 февруари 2070 земјен вол 9 февруари 2081 28 јануари 2082 метален вол 27 јануари 2093 14 февруари 2094 воден вол

Месечев дом

Во традиционалната кинеска астрологија и астрономија небото е поделено на различни астеризми, наречени и кинески соѕвездија. Ова е послично на зодијакот во западната астрологија отколку циклусот од дванаесет животни. Ѕвездите долж еклиптичката рамнина се поделени на групи наречени Дваесет и осум домови. Се сметало дека Месечината секоја ноќ преоѓа од еден до друг дом (или „логор“), па затоа овие се нарекуваат и Месечеви домови. Овие домови се делат на четири групи (од по седум) и се поврзуваат со четирите духовни суштества. Ова важи и за Годината на волот (чоу, 丑). Волот е во небесната област на мистичниот воин или Сјуенву,Wu, Zhonxian and Karin Wu (2014, 2016). Heavenly Stems and Earthly Branches:TianGan DiZhi. London and Philadelphia: Singing Dragon, , 28 and 98 Во современата астрономија, тука се ѕвездите околу Бета Бик.

Час на волот

Часовите во стара Кина се делеле на 12 двојни часови. Секој од нив соодветствува на животно од кинескиот зодијак, со слична симболика и астролошко значење. Првиот двоен час трае од 11:00 до 01:00 ч.: ова е часот на стаорецот. Вториот е часот на волот, кој трае од 01:00 до 03:00 ч. и се нарекува чоу (丑).Palmer, Martin, editor, et al., (1986). T'ung Shu: The Ancient Chinese Almanac. Boston: Shambala. , 34

Основни астролошки елементи Земска гранка: 丑 чоуЕлемент: земјаСтрана на светот:север-североистокЈин-јанг: јинМесечев месец: 8 јануари - 6 февруариГодишно време: зимаНадлежни часови:01:00 - 03:00Небесен војсководец:санскрит: Чаундула ()Среќни цвеќиња: лале, зимзелени растенија, праскини цветови, розаСреќни броеви: 8, 3; Се одбегнуваат: 6, 9Среќни бои: зелена, црвена, виолетова; Се одбегнуваат: бела, синаСреќни/поврзани земји: Јапонија, Индија, Финска, Швајцарија, Литванија, Унгарија

Во други земји

Виетнамскиот зодијак има бивол наместо вол, а Гурунзите во Непал имаат крава.

Поврзано Кинески зодијак Кинеска астрологија Кинеска митологија

Наводи

Надворешни врски

Страниза за волот (бивол) — Астромагазин

Категорија:Кинески хороскопски знаци Категорија:Митски говеда