Боштани или Постан (, Ризомата; до 1926 година: Μπόστιανη, БостјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόστιανη -- Ριζώματα) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 25 километри јужно од градот Бер, на надморска височина од 600 метри. Површината на селскиот атар изнесува 36 квадратни километри.
Селото е сместено на северозападните падини на планината Шапка. Во близина на селото се наоѓа скијачкиот центар Скутерна.
Историја
Селото Боштани, иако носи словенско (македонско) име, уште од постаро време било населено со грчко население.
Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Ризомата (Ριζώματα).Πανδέκτης - Μετονομασίες οικισμών
Стопанство
Селаните поседуваат само малку земја околу селото, на кои главно одгледуваат главно тутун и пченица, додека нивниот добиточен фонд се состои од повеќе илјади овци и кози и малку крупен рогат добиток. Остатокот од земјиштето околу селото е поседуван од страна на државата, главно составено од пасишта и шума, кои ги дава под наем.
Селото во поново време е особено познато по своите квалитетни домати.
Население Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 144 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144. Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ од Тодор Христов Симовски, пак, е наведено дека во селото Боштани, К’нчов забележал 420 жители Грци. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баштане (Bachtane) имало 420 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Во 1910 година во Бостани (Μποστάνι) имало 620 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927 Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.
Во пописот од 1913 година селото било забележано со 645, во 1920 година со 623, во 1928 година со 791, во 1940 година со 1.094, во 1951 година со 1.032, во 1961 година со 1.266, во 1971 година со 1.221, во 1981 година со 1.052, а во 1991 година со 1.129 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.150 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 816 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Боштани, во кој Боштани е единствено село.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, изградена во век
Наводи
Белешки
Категорија:Бер (општина)