мини| Доналд Ричард Делило (англиски: Donald Richard DeLillo), познат како Дон Делило (англиски: Don DeLillo; 20 ноември 1936) — американски писател.

Творештво Делило е еден од најзначајните современи американски писатели. Тој а автор на околу 20 романи, неколку драми и десетици раскази и есеи. Исто така, тој е добинтник на бројни американски и меѓународни награди и одликувања, меѓу кои и: Националната награда за белетристика (1985, за романот „Бел шум“), наградата ПЕН/Фокнер за проза (1992, за романот „Мао II“), Наградата Ерусалим за целокупното творештво (1992), орденот Вилијам Дин Хаулес (2000) кој го доделува Американската академија на уметностите, Орденот на честа кој го доделува Националното здружение на уметниците (2008, за исклучителните остварувања во книжевноста), наградата ПЕН/Сол Белоу (2010, за посебни достигнувања во американската книжевност), наградата „Карл Сандбург“ која ја доделува Универзитетот на Илиноис во Чикаго (2012), Наградата за американска белетристика која ја доделува Конгресната библиотека (2013), а која им се доделува на писателите кои се одликуваат со оригиналност и со „силен, единствен и јасен глас за американското искуство“, медалот за исклучителниот придонес во американската книжевност (2015) итн. Неговите најважни дела се: романите „Американа“ (1971), „Космополис“, „Боди артист“, „Подземје“, „Паѓач“, „Точка Омега“, „Нула К“, „Тишина“, „Бел шум“ (1985), како и збирката раскази „Ангелот Есмералда“ (2012) со која бил финалист за две награди: Наградата за расказ и наградата ПЕН/Фокнер за фикција. Неговиот роман „Подземје“ од списанието „Њујорк тајмс бук ривју“ (The New York Times Book Review) бил прогласен за еден од триет најдобри романи што се појавиле во последните 25 години.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022.

Наводи

Категорија:Американски писатели Категорија:Родени во 1936 година