Спасувањето на војникот Рајан (), познат и како Спасувајќи го војникот Рајан — американски филм од 1998 година, во режија на Стивен Спилберг, а по сценариото на Роберт Родат. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Том Хенкс, Мет Дејмон и Том Сајзмор. Филмот е делумно заснован врз вистинската приказна за браќата Ниланд. Филмот бил добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи неколку награди, меѓу кои и наградата Оскар, а остварил и добра заработка во киносалите.

Содржина Филмот зборува за еден настан од Втората светска војна, кога тројца браќа, американски војници, загинуваат во ист ден, па командата одлучува најмладиот брат, војникот Рајан, да биде спасен и вратен дома. Капетанот Џон Милер со својата единица го бара Рајан, поминувајќи низ бројни опасности и дури изгубува неколку војници, но кога ќе го пронајдат, Рајан одбива да ги напушти другарите.Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 15.

Филмот започнува така што еден постар ветеран (подоцна дознаваме дека е Рајан), (Харисон Јанг), за време на посетата (со неговото семејство) на американските гробишта и меморијалниот центар во Нормандија, Франција, паѓа пред еден надгробен споменик, занесен од емоции.

Сцената се менува во почетокот на инвазијата на Нормандија, каде американските војници се борат на плажата Омаха со вкопаната германска пешадија и митралеските гнезда. Еден од луѓето кои го преживуваат првиот налет, капетанот Џон Х. Милер (Том Хенкс) од вториот баталјон ренџери, собира група војници и полека се пробива низ германската одбрана кон излезот од плажата.

Улоги Том Хенкс како Капетан Милер Том Сиземор како наредник Хорват Едвард Бурнс како војник Рејбен Бери Пепер како војник Џексон Адам Голдберг како војник Мелиш Вин Дизел како војник Капарцо Џовани Рибиси ​​како болничар Вејд Џереми Дејвис како Заповедник Апхем Мет Дејмон како војник Рајан Тед Дансон како Капетан Хамил Пол Џамати како Наредник Хил Денис Фарина како Потполковник Андерсон Џорг Штадлер како Steamboat Вили Макс Мартини како Заповедник Хендерсон Натан Филион како Минесота Рајан Леланд Орсер како Поручник ДеВинд Рајан Херст како паратрупер Манделсон Харв Преснел како Генерал Маршал Дејл Ди како Полковник на воен оддел Брајан Кранстон како Полковник на воен оддел Харисон Јанг како стариот Рајан Кетлин Бајрон како г-ѓа Рајан

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Стивен Спилберг Категорија:Филмови со Том Хенкс Категорија:Филмови со Мет Дејмон Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Филмови на англиски јазик