мини|266x266пкс|Битката кај селото Леснаја Борба или бој — вооружен судир меѓу воени единици. Таа е основната форма на тактички дејствија на војските и се определува како организиран вооружен судир на формациите, единиците, поддивизиите, бродовите и лебдилките на завојуваните страни. Борбата е секогаш усогласена според целта, местото и времето на ударите, огнот и маневрите.
Главната цел на борбата е уништување (разбивање) на противникот и извршување на други задачи во ограничен реон за кратко време. За успешно водење на борбата, војските заземаат конкретен борбен распоред.
Ракопашна борба
Ракопашна борба е непосредна пресметка на многу мало растојание, каде што противникот се напаѓа со сопственото тело (удари, клоци, давење и сл.) и/или со ладно оружје (ножеви, мечеви, палки), за разлика од борбата со огнено оружје или оружје со голем дострел.
Воена борба Воената борба вклучува две или повеќе противнички воени сили што се судираат во војна. Ситуациите на воена борба можат да вклучуваат повеќе групи, како што се герилски групи, бунтовници, домашни и/или странски влади.
Воената ситуација може да биде наречена дејствие, инцидент, престрелка, судир, борба, битка или војна, во зависност од обемот на војувањето и географската област во која се одвива. Борбата меѓу две армии што ја одлучува судбината на војната или на посебна операција со големина на театар или кампања се нарекува одлучувачка битка. Средниот бој (ненадеен судир) не влијае на исходот на ист начин како претходниот случај. Борбата меѓу две армии што има помалку одлучни исходи од главната битка, но води до позначајна промена на ситуацијата на боиштето, едноставно се нарекува битка. Судирот меѓу независни делови на две армии, односно корпуси или дивизии, се нарекува борба или борбено дејствие. Судирите на уште помали сили се нарекуваат инцидент, престрелка или исто така борбено дејствие. Меѓутоа, сиве овие поими можат да се користат на различни начини во зависност од контекстот.
Борбената способност отсекогаш барала кадарот да одржува стратешка подготвеност преку соодветна обука, вооружување, опременост и финансирање за извршување на борбени операции во единицата во која се распоредени. Војувањето потпаѓа под военото право, кое ги регулира неговите цели и спроведување, и ги штити правата на борците и неборците (граѓаните).North Atlantic Treaty Organization, NATO Standardization Agency AAP-6 – Glossary of terms and definitions, p. 80
Наводи
Надворешни врски
Combat
Категорија:Воена наука Категорија:Воени поими Категорија:Воена тактика Категорија:Битки Категорија:Насилство Категорија:Судири __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__