Берта Бенц (; 3 мај 1849 – 5 мај 1944) — германски автомобилски пионер. Таа била деловен партнер, инвеститор, а подоцна и сопруга на автомобилскиот пронаоѓач Карл Бенц. На 5 август 1888 година, таа била првата личност што возела автомобил со мотор со внатрешно согорување на долги растојанија, тестирајќи го патентот за моторвагенот Benz Patent-Motorwagen. Таа ги измислила облошките за сопирачки и решила неколку практични проблеми за време на патувањето од 105 км (65 милји). Со тоа, таа го привлекла светското внимание кон Patent-Motorwagen и ја остварила првата продажба на нивната компанија. На Бенц не ѝ било дозволено да студира во Големото Војводство Баден бидејќи била жена, а нејзините финансиски и практични придонеси во инженерството долго време биле занемарени сè до 21 век. мини|Benz Patent-Motorwagen број 3 од 1886 година, користен од Берта Бенц за високо рекламираното прво патување на долги релации (од 106 километри) со автомобил десно|мини|Споменик на Бенц во Вислох, каде што таа застанала да наполни гориво во градската аптека, која сега е наречена „првата бензинска пумпа во светот“ Документарецот од 2011 година насловен „Автомобилот се роди“, продуциран од Ули Кампелман, се фокусира на првото патување на Берта Бенц.
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Bertha Benz Memorial Route Automuseum Dr. Carl Benz, 2018. The Car is Born – A documentary of Bertha Benz's historic drive by Ulli Kampelmann. The First Road Trip – Teaching overview and question set. Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Родени во 1849 година Категорија:Статии со извори на германски (de)