Варолиев мост — делот од мозочното стебло кој, кај луѓето и другите цицачи, се наоѓа подолу од средниот мозок, над продолжениот мозок и пред малиот мозок.

Латинското име на Вролиевиот мост е , според италијанскиот анатом и хирург Костанцо Варолио (1543–1575). Варолиевиот мост содржи нервни патишта и нервни тракти кои спроведуваат сигнали од мозокот до малиот и продолжениот мозок, како и патишта кои ги носат сетилните сигнали нагоре во таламусот.

Структура Варолиевиот мост кај луѓето е долг околу 2,5 см. Тоа е делот од мозочното стебло сместен помеѓу средниот мозок и продолжениот мозок. Хоризонталниот медулопонтински сулкус ја означува границата помеѓу Варолиевиот мост и продолжениот мозок на вентралниот дел од мозочното стебло, а корените на кранијалните нерви 6, 7 и 8 излегуваат од мозочното стебло по овој жлеб. Спојот на Варолиевиот мост, продолжениот мозок и малиот мозок го образува мосно-маломозочниот агол. Горниот понтински сулкус го одделува Варолиевиот мост од средниот мозок. Постериорно, Варолиевиот мост се криви од двете страни во среден церебеларен педункул.

Попречниот пресек на Варолиевиот мост го дели на вентрален и дорзален дел. Вентралниот Варолиев мост е познат како базиларен дел, а дорзалниот Варолиев мост е познат како pontine tegmentum.

Васкулатура Поголемиот дел од Варолиевиот мост се снабдува со крв од мосните артерии, кои произлегуваат од базиларната артерија. Помал дел од Варолиевиот мост се снабдува со крв од предните и задните долни церебеларни артерии.

Наводи

Категорија:Мозок Категорија:Неврологија