Свети Кирил и Методиј — параклис во мариовското село Витолиште, Македонија.
Местоположба
Параклисот се наоѓа кај објектите на некогашното шумско стопанство „Црн Бор“, на околу 300 метри пред влезот во селото, десно од патот кој води до Витолиште.
На самиот пат постои информативна табла, која ја покажува насоката до него.
Историја
Параклисот е подигнат на место каде се наоѓала ранохристијанска градба, најверојатно базилика.
Постои намера параклисот и понатаму да се уредува и доизгради. Првичното уредување го направил Богдан Бегоски со свои блиски и пријатели.
Архитектура
Во рамки на малиот параклис, кој е заграден се наоѓаат две прозорски меноа, а во околината се наоѓаат и други остатоци од некогашниот ранохристијански храм. Еден од ѕидовите на градбата се забележува од северната страна на денешниот објект, со насока исток запад.
Двете меноа од бел камен со потекло од околината се релативно добро изработени и украсени со крстови со долг вертикален карк и крст при неговиот врв. Додека едното мено е украсено со крстови од двете страни, другото има крст само од едната страна.
Денес, двете меноа се поставени во исправена положба на бетонска подлога во простор заграден со мрежа од метална жица и метална конструкција покриена со лим.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Витолиште
Наводи
Надворешни врски
Витолиште