Сер Ричард Тимоти Хант (роден на 19 февруари 1943 година) е британски биохемичар и молекуларен физиолог. Во 2001 година, заедно со Пол Нурс и Лиланд Х. Хартвел тој ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за откритието протеински молекули кои ја контролираат делбата на клетките. За време на неговото проучување на оплодените јајца од морски еж во раните 1980-ти, Хант го открил циклинот, кој циклично се агрегира и се осиромашува за време на циклусите на клеточната делба.
Ран живот и образование Хант бил роден на 19 февруари 1943 година во Нестон, Чешир. Неговиот татко бил Ричард Вилијам Хант, предавач по палеографија во Ливерпул, а неговата мајка, Кит Роуланд. По смртта на двајцата родители, Хант открил дека неговиот татко работел во Буш Хаус, тогашното седиште на радиото Би-Би-Си, најверојатно во разузнавањето, иако не е познато што всушност била неговата задача. Во 1945 година, Ричард станал чувар на западните ракописи во библиотеката Бодлијан, а семејството се преселило во Оксфорд. На осумгодишна возраст, бил примен во Драгонското училиште, каде првпат развил интерес за биологија, благодарение на неговиот наставник по природни науки, германскиот едукатор Герд Зомерхоф. На четиринаесет години се преселил во колеџот Магдален во Оксфорд, каде станал уште позаинтересиран за науката и започнал да изучува предмети како хемија и зоологија.
Награди и почести Хант бил избран за член на Европската организација за молекуларна биологија (EMBO) во 1978 година, служејќи како член на Комитетот за стипендии на организацијата 1990–1993, нејзиниот Комитет за состаноци 2008–2009 и нејзиното управно тело, Советот, 2004–2009. Тој бил избран за член на Кралското друштво (FRS) во 1991 година.
Наводи
Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Британски нобеловци Категорија:Англиски нобеловци Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Англиски биолози Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Сите статии со немеродавни наводи