Однокласники, скратено како OK или OK.ru — услуга за социјално вмрежување и веб-страница за споделување видеа преку интернет, првенствено во Русија и поранешните советски републики. Веб-страницата била лансирана на 4 март 2006 година од Алберт Попков и моментално е во сопственост на VK.Social Media in Russia, Dreamgrow.com, 2011.
Веб-страницата моментално има повеќе од 200 милиони регистрирани корисници и 45 милиони дневни уникатни посетители. Однокласники, исто така, моментално е рангиран на 56 место во светот и на 7 место во Русија по сообраќај од Alexa Internet. Однокласники е втората најпопуларна социјална мрежа во Русија, зад VK, но пред Фејсбук, кој е на 3-то место.
Доменот ok.ru е вдомен на опслужувач кој работи со Apache и се наоѓа во Москва, Русија, на мрежата на VK.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Социјално вмрежување