мини|300x300пкс|Коларска работилница во Илиноис мини|300x300пкс|Амбулантното возило на д-р Јаромир фон Мунди изложено во Музејот на наука и технологија во Белград Коларски занает — традиционален занает што опфаќа изработка, поправка и одржување на дрвени тркала, коли (запрежни возила) и други делови за превозни средства и земјоделски алати, со примена на рачни техники, прецизна обработка на дрво и утврдени занаетчиски стандарди.

Покрај изработката на дрвени делови за коли, се занимавал и со изработка на потребните метални делови од железо, за целосен изглед и функција на колите.

Освен колите, занаетчиите на коларскиот занает изработувале и дополнителна опрема, вклучувајќи јареми за влечење на волови, санки и колички за носење мали товари во домаќинството. За дрвените плугови, тие изработувале греда на која се прицврстувала железна глава со жлеб. Тие исто така изработувале рамки за дрвени брани во кои вградувале железни клинови.

Занаетчиите на коларскиот занает главно работеле по нарачка, често во рамките на размена на стоки, но ги изнесувале и своите производи на продажба на саеми и пазари.

Историја Уште од првите човечки заедници, голем процент од населението на Земјата бил насочен кон земјоделство. Тоа влијаело врз започнувањето на потребната занаетчиска дејност, која обезбедувала секојдневно функционирање на самоодржлива рурална економија. Таа главно била дополнително занимање на руралните занаетчии, кои првенствено изработувале и поправале алатки за себе, а потоа и за локалната заедница. Во овие услови, се појавила потребата од превоз на патници, товар и стоки, најмногу со селски добиток, а подоцна и на бројни освојувачи (доселеници) на огромни простори на сите континенти во светот.Коларство Текст преузет из католога „Стари занати у Србији“ Аутор: мр Марко Стојановић. Министарство трговине, туризма и телекомуникација лево|мини|432x432пкс|Кола со четири тркала од с. Иванковци - Гроот, Велешко, изложена во НУ Музеј на Македонија Со текот на времето, потребите на населението, освојувањето на нови делови од светот и освојувањето на нови пазари, особено во недостапните, планински и ридести делови од светот, ги принудиле селаните сами да почнат да изработуваат примитивни колички или запрежни коли со едно тркало. Тие се користеле за широк спектар на економски цели.

Во текот на милениумите, иако целокупниот изглед на тркалата речиси и не се менувал, суптилните промени во дизајнот на тркалата, како што се решетката и скалестите спици, им помогнале да бидат во чекор со барањата на постојано менувачкиот современ свет. Овие навидум мали промени во дизајнот значително ја подобриле цврстината на тркалото, а истовремено ја намалиле неговата тежина. Тркалата направени од количарите потоа станале поефикасни, и во конструкцијата и во употребата.

Со забрзаната побарувачка и истовремено бавниот, но неизбежен процес на развој во сите сфери на општеството, се појавиле првите рурални и урбани занаетчии. Тие сè повеќе се занимавале со независни занаетчиски активности како примарен извор на приход, а коларскиот занает постепено се развивал низ целиот свет:

мини|272x272пкс|Санка - сања за пренесување дрва и сено од с. Маврово - Мавровско Поле, Река, изложена во НУ МУзеј на Македонија Во текот на првата половина на XX век техничкиот, технолошкиот и социокултурниот развој предизвикале промени во економската структура на населението. По Втората светска војна индустријализацијата и масовната миграција од селата во градовите кулминирале, и тоа влијаело врз бавното исчезнување на коларскиот занает.

И покрај бројните тешкотии во втората половина на XX век, занаетчиските работилници продолжиле да работат по инерција, без да се образуваат нови мајстори. Затоа, во поново време коларскиот занает главно го практикувале мал број ентузијасти, како споредна занимација или хоби, најчесто работeјќи само по посебни нарачки.

Коларскиот занает во Македонија мини|381x381пкс|Кола со две тркала од с. Кучевиште - Скопска Црна Гора, изложена во НУ Музеј на Македонија Не може точно да биде утврдено времето на појавата на првите запрежни коли изработени од самоуки мајстори, но изработката на коли од колари, односно занаетчии, во Македонија датира од почетокот на XIX век. Самиот коларски занает бил создаден од самоуките мајстори кои низ повеќе генерации изработувале примитивни запрежни коли за лична употреба.

Уште во 1886 година, Стојан Новаковиќ забележал во своите патувања низ Македонија дека луѓето имале воловски двоколки чии тркала биле повисоки; на оската бил прицврстен сандак или кошар, чии шилци биле повисоки од завршетокот. Во сите села на Скопска Црна Гора имало по 3–4 занаетчии-колари што изработувале колски тркала, додека останатите составни дрвени делови ги изработувале самите селани во домашни услови. За разлика од нив, селското население од Малешевијата, самите изработувале дрвени коли двоколки со кои пренесувале сено, слама и земјоделски производи.

Во втората половина на XIX век во Македонија започнува да се развива запрежниот транспорт на стока со употреба на воловски дрвени коли како последица на изградбата на подобри колски патишта. Ваквиот транспорт го изведувале арабаџии кои со дрвени четириколки превезувале стока од едно до друго место и биле најчесто организирани во групи. Арабаџиските коли влечени од биволи превезувале платно, марами и други фабрички ткаеници, а кираџиите со коњи превезувале свила. При транспорт на ситни предмети на арабаџиската кола се постилало душеме. Двоколката кулешка ја влечеле волови и била употребувана во локален транспорт

Наводи

Надворешни врски

Стари занаети во Србија - Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија

Категорија:Занаети