мини|300x300пкс|Городетско насликани ковчези Городетско сликарство (руски: Городецкая роспись) — руска ракотворба и техника на народно сликарство. Таа е таканаречена „наивна уметност“.

Историја Овој стил на сликарство бил популаризиран во втората половина на 19 век.Се разликува од народното сликарство Хохлома, но има и некои заеднички карактеристики, и двете се многу шарени и светли. Городетско сликарство потекнува од резбани городетски фурки кои се произведувале во селата во близина на градот Городец во Нижегородската Област. Првично, городетските мајсторите ја користеле техниката на инкрустација за украсување на фурките, а до средината на 19 век се случил премин од инкрустација кон сликање на фурки.

Городетските уметници традиционално сликале жанровски сцени (вклучувајќи веселби, пиење чај, познатиот городетски коњ со коњаник, и народни веселби), декоративни слики на птици и животни (вклучувајќи петли, коњи, лавови и леопарди) и цветни дезени. Денес, городетските занаетчии користат слични слики и мотиви во своите дела. Тоа се декоративни панели, ковчежиња, кутии, разни комплети кујнски предмети, како што се тврди плочи, канти за леб, солници, детски мебел и играчки, вклучувајќи го и најпопуларниот насликан коњ за лулање.

Фабриката „Городетско сликарство“ постои од 1965 година и има експериментална лабораторија каде што се осмислуваат нови мотиви, а воедно се зачувува и уметничката традиција и стил.

Наводи

Надворешни врски Историја на сликарството на Городец

Категорија:Руски ракотворби