Старогрчки епски циклус — збирка старогрчки епски песни, составени во дактилен хексаметар и поврзани со приказната за Тројанската војна, вклучувајќи ги Киприја, Етиопис, таканаречената Мала Илијада, Илиуперсис, Ностои и Телегонија. Научниците понекогаш ги вклучуваат двата хомерски епа, Илијада и Одисеја, меѓу песните од епскиот циклус, но терминот почесто се користи при наведување на нехомерските песни.
За разлика од Илијада и Одисеја, цикличните епови преживеале само во форма на фрагменти и резимеа од доцната антика и византискиот период.
Епскиот циклус бил дестилација во книжевна форма на усната традиција што се развила за време на старогрчкото мрачно доба, и која делумно се базирала на локализирани култови на херои. Традиционалниот материјал од кој биле извлечени книжевните епови ја третира микенската култура од бронзеното доба од перспектива на железното доба и подоцнежната Стара Грција.
Во современата наука, проучувањето на историскиот и книжевниот однос помеѓу хомерските епови и остатокот од циклусот се нарекува неоанализа.
Подолг епски циклус, каков што бил опишан од научникот и свештеник од 9 век од н.е., Фотиј, во кодексот 239 од неговата Библиотека, ги вклучувал и Титаномахија (8 век п.н.е.) и Тебанскиот циклус (помеѓу 750 и 500 година п.н.е.), кои пак ги сочинувале Едиподеја, Тебаида, Епигони и Алкмеонида; сепак, ниту еден од цикличните епови (освен Хомеровиот) не преживеал до времето на Фотиј, и Фотиј најверојатно не се осврнувал на канонска збирка. Современите научници вообичаено не го вклучуваат Тебанскиот циклус кога се осврнуваат на Епскиот циклус.
Содржина Наслов Должина (книги) Најчеста атрибуција Содржина Киприја 11 Стасин Настаните што довеле до Тројанската војна и првите девет години од конфликтот, особено Судењето на Париз Илијада 24 Хомер Бесот на Ахил против кралот Агамемнон, а потоа и против тројанскиот принц Хектор, завршувајќи со убиството на Хектор од страна на Ахил како одмазда за смртта на Патрокле, додека Пријам доаѓа кај Ахил за да го откупи телото на Хектор. Етиопис 5 Арктин Пристигнувањето на тројанските сојузници, Пентесилеја Амазонката и Мемнон; нивната смрт од рацете на Ахил како одмазда за смртта на Антилох; смртта на самиот Ахил. Мала Илијада 4 Лесхеј Настани по смртта на Ахил, вклучувајќи ја изградбата на Тројанскиот коњ и доделувањето на оружјето на Одисеј Iliou persis („Ограбувањето на Троја“) 2 Арктин Уништувањето на Троја од страна на Грците Ностои („враќања“) 5 Агијас или Еумел Враќањето дома на грчките сили и настаните што зависат од нивното пристигнување, завршувајќи со враќањето на Агамемнон и Менелај Одисеја 24 Хомер Крајот на патувањето на Одисеј кон дома и неговата одмазда врз додворувачите на неговата сопруга Пенелопа, кои го проголтале неговиот имот во негово отсуство. Телегонија 2 Еугамон Патувањето на Одисеј до Теспротија и враќањето во Итака, и неговата смрт од рацете на вонбрачниот син Телегон
Докази Херодот знаел за Киприја и Епигони кога ја напишал неговата Историја во средината на 5 век п.н.е. Тој ја отфрлил теоријата за хомерово авторство на првото дело и го довел во прашање авторството на второто дело.Martin Litchfield West "Epic Cycle" in Oxford Classical Dictionary 3rd. ed. Oxford; Oxford University Press 1999 p. 707
Епскиот циклус не бил споменуван како целина (вклучувајќи го и тебанскиот циклус) сè до 2 век од н.е., но познавањето на „тројанскиот циклус“ е очигледно барем од 4 век п.н.е., бидејќи Аристоксен споменал алтернативен почеток на Илијада.OCD3 p. 531
Аристотел, во неговата „Поетика“, ги критикувал Киприја и Мала Илијада поради парцијалниот карактер на нивните заплети.Aristotle Poetics 1459a–b.
Библиотека која му се припишува на Аполодор и латинската Генеалогија од II век од н.е. која му се припишува на Хигин исто така влечеле инспирација од делата. Понатаму, натписите Tabula iliaca ги покриваат истите митови.OCD3 p. 531
Поголемиот дел од знаењето за цикличните епови доаѓало од нецелосно резиме за нив кое служело како дел од предговорот на познатиот ракопис на Илијада од 10 век познато како Венет А. Овој предговор бил оштетен, му недостасувала Киприја и морал да се дополни со други извори (резимето за Киприја било зачувано во неколку други ракописи, секој од нив ја содржи само Киприја и ниеден од другите епови). Резимето, пак, е извадок од подолго дело, Хрестоматија, напишано од „Прокло“. Ова ни е познато благодарение на доказите дадени од подоцнежниот научник Фотиј, споменат погоре. Фотиј дал доволно информации за Хрестоматијата на Прокло за да покаже дека извадокот од Венет А е од истото дело.Monro 1883, Severyns 1928, 1938a, 1938b, 1953, 1962, and 1963, and Abrantes 2016. Малку се знае за Прокло, но тој со сигурност не е филозофот Прокло Дијадох. Некои сметале дека станува збор за помалку познатиот граматичар Евтихиј Прокло, кој живеел во 2 век од н.е.,E.g. Monro 1883. но сосема е можно тој да е едноставно непозната личност.
Во антиката, двата хомерски епа се сметале за најголеми дела во Циклусот. За хеленистичките научници, цикличните поети т.е. авторите на кои најчесто им се припишувале другите песни, биле νέωτεροι (neōteroi „подоцнежни поети“) и терминот κυκλικός (kyklikos „цикличен“) бил користен како синоним за „формулаичен“. Подоцна, и во голем дел од современата наука, се сметало дека поезијата која била напишана подоцна била инфериорна.
Приказните раскажани во Циклусот биле прераскажани од други антички извори, особено „Енеида" (книга 2) од Вергилиј, која го раскажува ограбувањето на Троја од тројанска перспектива, и „Метаморфози“ од Овидиј (книги 13-14), каде тој го опишал истоварувањето на Грците во Троја (од Киприја) и судењето за Ахиловото оружје (Мала Илијада). „Постхомерика“ од Квинт Смирниски е друг извор, кој ги раскажува настаните по смртта на Хектор до крајот на војната. Смртта на Агамемнон и одмаздата што ја презел неговиот син Орест (Ностите) се теми на подоцнежната грчка трагедија, особено на Орестеевата трилогија за Есхил.
Компилација Нехомерските епови обично се сметаат за подоцнежни дела во споредба со Илијада и Одисеја. Сепак, нема веродостојни докази за ова, а некои неоаналитичарски научници работат врз основа на претпоставката дека хомерските епови биле составени подоцна од цикличните епови и опширно се потпирале на нив. Други неоаналисти тврдат дека хомерските епови се потпираат на легендарен материјал кој подоцна се кристализирал во епскиот циклус.
Природата на врската помеѓу цикличните епови и Хомер е исто така поврзана со ова прашање. Според Прокло, заплетите на шесте нехомерски епови биле напишани со цел да се интегрираат со хомеровите дела, т.е. без да има преклопувања.
На пример, еден зачуван цитат покажува дека Малата Илијада раскажува како Неоптолем ја заробил Андромаха по падот на Троја;Little Iliad fr. 14 in West's edition. меѓутоа, кај Прокло, Малата Илијада завршува пред да започне ограбувањето на Троја. Некои научници тврдат дека Киприја, како што првично била планирана, се занимавала повеќе со Тројанската војна отколку што сугерирало резимето на Прокло; сепак, други тврдат дека делото требало да се поврзе со Илијада, и дека Проклоовиот опис ја одразува Киприја каква што таа првично била.E.g. J. Latacz 1996, Homer, His Art and His World tr. J. Holoka (Ann Arbor); R. Scaife 1995, "The Kypria and its early reception", Classical Antiquity 14: 164–97.
Најверојатно било направено одредено уредување или „шиење“ за да се надоврзуваат еповите. Во однос на последниот стих од Илијада, било зачувано алтернативно толкување кое требало директно да се поврзе со Етиопија.
Постојат одредени противречности меѓу еповите во Циклусот. На пример, грчкиот воин кој при падот на Троја го убил синот на Хектор, Астијанакс, бил Неоптолем според Малата Илијада, а според Iliou persis, тоа било Одисеј.
Како и кога осумте епови од Циклусот биле споени во една збирка и наречени „циклус“ е прашање на дебата. Кон крајот на 19 век, Дејвид Бининг Монро тврдел дека схоластичката употреба на зборот κυκλικός не се однесувала на Циклусот како таков, туку станувало збор за „конвенционалност“ и дека Циклусот бил составен во хеленистичкиот период (можеби дури во 1 век п.н.е.).D.B. Monro 1883. Поновите научници претпочитаат да го поместат датумот малку порано, но го прифаќаат општиот тек на аргументот.
Поврзано
Циклични поети Хомерика
Библиографија
Изданија Online editions (English translation): The Medieval and Classical Library text (translated by H.G. Evelyn-White, 1914; public domain) Project Gutenberg text (translated by H.G. Evelyn-White, 1914) Proklos' summary of the Epic Cycle, omitting the Telegony (translated by Gregory Nagy) Print editions (Greek): Bernabé, A. 1987, Poetarum epicorum Graecorum testimonia et fragmenta pt. 1 (Leipzig). Davies, M. 1988, Epicorum Graecorum fragmenta (Göttingen). Print editions (Greek with English translation): Hesiod & Evelyn-White, H.G., 1914, Hesiod: The Homeric Hymns and Homerica (Loeb Classical Library) West, M.L. 2003, Greek Epic Fragments (Cambridge, MA).
За понатамошно читање
Burgess, J.S. 2001, The Tradition of the Trojan War in Homer and the Epic Cycle (Baltimore). (pbk) Davies, M. 1989, The Greek Epic Cycle (Bristol). (pbk) Kullmann, W. 1960, Die Quellen der Ilias (troischer Sagenkreis) (Wiesbaden). (1998 reprint) Michalopoulos, Dimitris, Homer's Odyssey beyond the myths, Piraeus: Institute of Hellenic Maritime History, 2016. . Monro, D.B. 1883, "On the Fragment of Proclus' Abstract of the Epic Cycle Contained in the Codex Venetus of the Iliad", Journal of Hellenic Studies 4: 305–334. Monro, D.B. 1901, Homer's Odyssey, books XIII-XXIV (Oxford), pp. 340–84. (Out of print) Severyns, A. 1928, Le cycle épique dans l'école d'Aristarque (Liège, Paris). (Out of print) Severyns, A. 1938, 1938, 1953, 1963, Recherches sur la "Chrestomathie" de Proclos, 4 vols. (Bibliothèque de la faculté de philosophie et lettres de l'université de Liège fascc. 78, 79, 132, 170; Paris). (Vols. 1 and 2 are on Photius, 3 and 4 on other MSS.) Severyns, A. 1962, Texte et apparat, histoire critique d'une tradition imprimée (Brussels).
Наводи
Категорија:Книги од 1 милениум п.н.е. Категорија:Старогрчка митологија