мини|Бербериска фустан од 19/20 век Фустанот бербериска или keswa-el-kbira (, „големата облека“) е традиционална носија што ја носи мароканска Еврејка на својата свадба. Традиционално, таткото ѝ го подарува берберискиот фустан на ќерката за нејзината свадба, а таа ја носи за првпат на церемонијата со кана. Овој фустан се смета како симболично одвојување на невестата од нејзиното семејство и прифаќање на нејзината улога како сопруга и чувар на традицијата. Фустанот е изработен за да го претставува јудаизмот како религија, истакнувајќи ја невестата како некој што ќе ја одржува еврејската традиција. За таа цел се користи златна декорација со дваесет и двете плетени златни галони на здолништето, кои ги претставуваат дваесет и двете букви од хебрејската азбука . Други симболи како дрвото на животот и големите вртлози што го претставуваат кругот на животот се исто така извезени со злато. Иако кесва-ел-кбрија има корени во Шпанија од петнаесеттиот век, со стил што ја следи модата на шпанското кралско семејство, стилот на фустанот се менувал низ историјата, вклучувајќи нови техники на плетење златен конец. Многу од дизајните може да се видат на мароканските погребни фустани и еврејските гробници во северна Африка, што го покажува спојот на култури низ целата сефардска дијаспора.
Со развојот на модата низ историјата, производството на кесва ел кбрија станало многу скапо, поради што многу луѓе почнале да ја изнајмуваат или позајмуваат, а производството на фустанот престанало во 1960-тите. Иако производството престанало, многу церемонијални облеки што се користат за настани во близина на Андалусија денес имаат впечатлива сличност со кесва ел кбрија, бидејќи се изработени од кадифе со златни детали.
Наводи
Категорија:Златни предмети Категорија:Облека