Техеранскиот базарВнатре во базарот на Техеран[ {"properties":{"title":"Grand Bazaar, Tehran","fill-opacity":0.1,"stroke":"#525252","stroke-width":3,"fill":"#dbdbdb"},"type":"ExternalData","service":"geoshape","ids":"Q1548608"}, {"properties":{"stroke-width":3,"stroke":"#525252","title":"Grand Bazaar, Tehran"},"type":"ExternalData","service":"geoline","ids":"Q1548608"}, {"type":"Feature","geometry":{"coordinates":[51.4194,35.675],"type":"Point"},"properties":{"marker-color":"#919090","title":"Grand Bazaar, Tehran","marker-symbol":"building"}} ] Интерактивна мапа на Техеранскиот базар Општи информации Тип Базар Архитектонски стил Техеранскиот базар е базар, сместен во центарот на градот Техеран, Иран. Базарот е поделен на неколку коридори кои се долги над 10км, секое специјализирано за различни видови стоки. Чаршијата има неколку влезови, а главниот влез е Сабзе Мејдан.
Покрај продавници, во него има и џамии, пансиони и банки. Има пристап до системот за брз транзит на метрото во Техеран преку станиците Хајам и Хордад 15. Базарот бил додаден на списокот на национално наследство на Иран на 24 октомври 1977 година, кој бил управуван од Организацијата за културно наследство, занаетчиство и туризам на Иран.
Историја
Трговија и рани базари во Техеран Тешко е да се каже точно кога првпат се појавил базарот, но во вековите по Исламското освојување на Персија помеѓу 632 и 654 година од нашата ера, патниците започнале да известуваат за растот на трговијата во областа што ден денес го зафаќа денешниот базар.
Истражувања покажуваат дека дел од денешната чаршија бил пред растот на селото Техеран во времето на Сефавидската империја, иако токму за време и по овој период базарот почнал постепено да расте. Западните патници известувале дека, до 1660 година од нашата ера и понатаму, областа на чаршијата сè уште била во голема мера отворена и само делумно покриена.
Развој мини|Илустрација од 1873 година на базарот во Техеран Голем дел од самата чаршија е изграден многу подоцна. Но, под владеењето на Реза Шах, како што Техеран започнал експоненцијално да расте и да се реформира на почетокот на 20 век, промените кои биле донесени од овој брз развој довеле до исчезнување на голем дел од базарот. Старите делови од чаршијата се генерално слични по архитектонскиот стил, додека деловите додадени во 20 век изгледаат различно. Критичарите велат дека малку внимание било посветено на изградбата на овие нови делови.
Базари Базарот се смета како сила на конзервативизмот во иранското општество, кое обезбедило силни врски меѓу свештенството и трговците од средната класа. Иранската револуција добила силна поддршка од овие сили, а базарот во Техеран бил центар на прореволуционерни чувства и финансии.
Постоеле неколку причини зошто чаршиската класа работела напорно за да помогне во унапредувањето на револуцијата. Владата на Мухамед Реза Пахлеви била анатема за базарите, кои изгледале како да ќе ги изгубат додека земјата се индустријализирала, и се плашеле дека ќе бидат оставени и дека нивниот статус во општеството ќе бил намален. Слично на тоа, друга загриженост за чаршиската класа, не само во Техеран, туку и низ целиот Иран, било тоа што овие традиционални економски сили не имале корист од нафтениот бум од 1974-1978 година, и затоа биле уште посклони да помогнат на револуцијата. Затоа базарот во Техеран бил жариште на поддршка за револуцијата, која се позиционирала спроти монархијата.
Базарот продложил во голема мера да ја подржува институцијата, особено затоа што конзервативните политички сили честопати усвојуваат пристап со ниски даноци кон базарџиите. Денес, голем дел од трговијата и финансиите на градот се преместени во делови од северен Техеран.
Галерија
Поврзано
Економија на Иран Иранска архитектура
Наводи
Категорија:Зандиска династија Категорија:Знаменитости во Техеран Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на персиски