Александар Чоловиḱ — македонски шаховски велемајстор. Во 2016 година, Чоловиќ бил избран за генерален секретар на Здружението на шаховски професионалци, а во 2019 година бил избран за претседател на истото здружение.

Животопис Чоловиќ е роден во Скопје во 1976 година и има диплома по англиски јазик и книжевност. Зборува англиски, шпански, италијански, руски, македонски, српски и бугарски јазик.

Има една сестра, биологот Ана Чоловиќ Лешоска

Шаховска кариера Чоловиќ победил на Отвореното првенство во Малага во 2005 година. Учествувал на 3 шаховски олимпијади и 2 Европски тимски првенства. Исто така, освоил 18 национални тимски титули во Македонија, и постигнал најдобар резултат (според процентот) на табла 4 со 5,5 од 7 на Европскиот клупски куп во 2015 година во Скопјe. Имал најдобар резултат во македонскиот тим (7 од 10) на 42. Шаховска олимпијада.

Чоловиќ работел и како шаховски тренер по шах, со својот ученик, Марина Брунело, освојувајќи златен медал на 43. Шаховска олимпијада . Во 2017 година, под водство на Чоловиќ како тренер на женската репрезентација на Македонија, тимот го освоил 20. место на Европското екипно првенство во шах на Крит.

Наводи

Надворешни врски

Aleksandar Čoloviḱ chess games at 365Chess.com

Категорија:Спортисти од Скопје Категорија:Македонски шахисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Шаховски велемајстори