Табачки занает — традиционален кожарски занает кој опфаќал чистење, обработка и боење на кожата од домашни животни и дивеч.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје, 1996, стр.56
Историја на занаетот во Македонија Овој занает бил познат уште во средниот век, XIV и XV век, кога табаканите се наоѓале покрај Лепенец. Името табачки занает дошло од арапскиот збор дебаг (debbagh) - што значи кожа. Оттука „табакана“ претставувала куќа во која се обработувала и чувала кожа.
Со овој занает претежно се занимавале Турците. Кај нив овој занает се наследувал, преоѓајќи од татко на син. Според турските пописни дефтери од 1568 година се спомнуваат имињата на првите табаци.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје, 1996, стр.56
Табачкиот занает во Скопје мини|379x379пкс|Женски чизми од жолт и црвен сафтијан - Музеј на Старата скопска чаршија Овој занает бил еден од најстарите во Скопје. Некогаш бил многу развиен, во времето на постоењето на Табакаана,во која се обработувале кожите.
Според турските пописни дефтери од 1568 година се наведуваат имињата на првите табаци во Скопје: Илијас, Хусеин, Хасан, Али, Хајдар, Хаџи Бали, Махмуд, Демир, Јусуф, Мустафа, Бекрим и други.
Во Скопје табаците изработувале мешин и сафтијан. На добар глас биле скопскиот мешин и жолтиот сафтијан.
Сафтијанот се правел на така што се земала исушена кожа од јаре и се оставала во вода да престои 3-4 дена. Се оставале најмногу по 1000 кожи одеднаш. По престојување во водата кожите се ваделе и се растегнувале, па се пеглале на справата ел-деклири. При тоа кожата се стружела, а со тоа се отстранувала маснотијата и други остатоци. Така подготвената кожа се ставала на земја и се посипувала со вар и кучешки измет. Варта се растворала како млеко и со коњска опашка се прскале кожите. Овој процес се викал „ставање маја“. Така попрсканата кожа се чувала три дена. Потоа кожите се ставале во буре со послаб раствор од вар и така се чувеле на лето до една недела, а на зима и до еден месец. Овие кожи понатаму се ставале на „постаф“. Тоа биле издупчени корита од камен во вода. Во нив кожата се газела со чизми или кожни калчуни. Од овие корита кожата се вадела и се редела во топла вода со варени листови од „кетер-јамрак“. Таа вода се наоѓала во каци исти како ќурчиските. Во тие каци кожата се мешала со железни стапови околу два-три часа. Потоа се вадела и ставала повторно на ел-демтри, за да се исчисти од влакна и други остатоци. После тоа се сошивала и се перела со вода, па се пристапувало кон бојадисување. Црната кожа се боела со карабоја, жолтата со абат. По бојадисувањето кожата се ставала меѓу штици за да налегне и да се исправи. Тоа пресување се изведувало под товар од 500-600 оки (приближно 700 кг) со цел да се исцеди целата вода. Потоа следело уште едно бојадисување и ново пресување. По целата оваа технологија, кожите се миеле во Вардар околу 3-4 часа.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје, 1996, стр.56-57
Англискиот патеписец д-р Ед Браун го посетил Скопје во 1669 година и тогаш забележал 700 табаци. По катастрофата на градот во 1689 година кожарството повторно се возобновило и било развиено сè до 1870 година, кога почнало да опаѓа поради австриска конкуренција. Пред тоа, полуобработената кожа се извезувала во Виена каде што се довршувала обработката, а по 1870 година царинските пречки го прекинале овој извоз.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје, 1996, стр.57
Табачкиот занает во Охрид Овој занает бил еден од најстарите занаети во Охрид и Струга. Некогаш бил многу развиен и ценет, бидејќи овој регион располагал со одлични планински пасишта во кои се одгледувале домашни животни и биле богати со дивеч.
Табачкиот занает во овој регион во почетокот на XX век постепено исчезнувал. По Првата светска војна со овој занает во Охрид се занимавале две фамилии, и тоа фамилиите на Амди Табак и на браќата Коста и Насте Паскалиеви. Обработката на кожа се вршела во местото „Табаана“, во куќата на Аристид Зарче. Последните двајца занаетчии престанале со работа во 1940 година.
Од охридските кожари табачките производи најмногу ги купувале опинчарите кои изработувале опинци за потребите на селското население од Струга, Охрид, Дебар и Ресен.Д-р Павле Митрески, занаетчиството во Охридско-струшкиот регион, 1918-1970, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр.81
Поврзано
Кожарски занает Кожуварско-ќурчиски занает Опинчарски занает Кожа
Наводи
Категорија:Занаети