Дрвосечачки занает — традиционален занает во кој занаетчијата се занимава со сечење дрва и гранки, главно за огрев и за градежни потреби. Тој спаѓа во групата на услужни занаети и претставува една од најстарите форми на човечка работа со дрво.

За дрвосечачки занает Дрвосечачки занает е стар занает кој долго време бил значаен. Според поделбата на занаетите, може да се класифицира и како услужен занает.

Освен сечење огревни дрва, дрвосечачите се занимавале и со сечење големи дрвја и стебла. Ова била многу ризична работа; покрај вештината, потребно било и знаење, бидејќи не се пристапувало кон секое дрво на ист начин. И во поново време занаетчиите често претрпувале повреди додека го извршувале својот занает. мини|Дрвосечач

Алатки мини|Секира Секира

Дрвосечачите користеле секири за дрво, една од најстарите алатки што се користела во човечкото општество со векови наназад. Секирата се состоела од рачка и глава. Тие биле направени од дрво, камен, животински коски, железо и специјални легури. Сечењето на дрво било тешка работа што барала голема сила и вештина, поради што правилното ракување и изборот на вистинската алатка за сечење на дрвото биле многу важни. Секирите за дрво се користеле и во столарството, градежништвото или при кампување. Посебен вид секира била противпожарната секира, која имала посебен облик и била именувана според нејзината употреба од страна на пожарникарите. мини|Дрвосечачи со моторна пила Пила

Пилата била една од најстарите алатки наменети за обработка на дрво. Во зависност од нејзината намена, нејзиниот дизајн се менувал. Се состоела од два практични дела: рачка што можела да биде дрвена или пластична и метално назабено сечило. Во зависност од финоста, пилата можела да има помал или поголем број заби, односно можела да биде покрупна или пофино назабена.

Пилите можеле да се напојуваат рачно или со мотор.

Според нивниот облик, тие биле поделени на жичени пили, кај кои сечилото било направено од жица со исечени заби; лентести пили, чије сечило било обично метална лента со исечени заби од едната страна; и кружни пили, кои имале диск со исечени заби како сечило. Моторната пила претставувала посебен вид пила. Ланецот ротирал околу основа со соодветна форма и бил управуван од мотор.

Пиланите во Македонија низ минатото Историските околности – од римското и византиското владеење, преку османлискиот период и честите воени превирања – силно влијаеле врз степенот на развој на шумарството и дрвната преработка. Македонија била богата со шуми, но со растот на населението и ширењето на градовите, тие често се уништувале без план, а дрвната маса се користела нерaционално. Преработката се вршела со примитивни средства: дрвата се сечеле со рачни алатки, се кроеле на фиксни должини за полесен транспорт, а обловината се преработувала со разбој-пили на кои работеле по два до три работници. мини|Алатки за обработка на дрвото - глета, од Најмалиот етнолошки музеј во светот. Кон крајот на XIX век се појавуваат пиланите-поточари, кои се поставувале покрај планинските реки и потоци, најчесто во четинарски шуми. Тие имале сезонски карактер и работењето зависело од количината вода. Во источна Македонија на една пилана работеле четворица, додека во западниот дел најчесто мајстор и помошник, а дополнителни работници вршеле сеча и дотур на дрвото. На некои планини во источна Македонија работата се изведувала и ноќе, што говори за големата потреба од дрвна граѓа.

Пиланите произведувале основни сортименти – тесни талпи, широки талпи и канати – со должина околу два метра. Материјалот се транспортирал со товарни коњи до градските центри. Во источниот дел пиланите биле познати како „чаркови“, а во западниот како „герани“. Производството било насочено кон задоволување на локалните потреби, со ограничен извоз. Сепак, во одредени места, граѓата се врзувала во сплавови и преку реките Црна Река и Вардар се носела до Солун. лево|мини|281x281пкс|Алатка за стругање од најмалиот етнолошки музеј на светот До 1914 година во Македонија имало околу 80 пилани-поточари: триесет во источниот дел, триесет и пет во западниот, а петнаесет во останатите региони. Тие биле опремени со венециските гатери и имале мал капацитет – околу два кубни метри дневно или 600 кубни метри годишно. Познати се повеќе сопственици и локации: во Пехчево постоел „грчки чарк“ на Брегалница, пиланата на Туџаров, а во селото Патишка Река кај Скопје работеле дванаесет пилани до Првата светска војна. Во западна Македонија, пак, во 1903 година пилана изградил Стојан Митрев.

Иако примитивни, пиланите-поточари претставувале важен сегмент во економијата на Македонија. Тие обезбедувале дрвна граѓа за локалното население, за градбите и за дел од трговијата со соседните пазари. Балканските војни и политичките превирања по 1910 година довеле до нивно постепено згаснување, но нивната улога во развојот на дрвната индустрија останува значајна.

Наводи

Категорија:Занаети Категорија:Стари занаети