Hydrolagus bemisi — вид на кратконосна химера која што поттекнува од семејството Chimaeridae. Таа е застапена во водите на Јужна Америка.

Таксономија Овој вид првпат го опишал Доминик А. Дидие во 2001 година. Иако овој вид бил препознаен, описот на овој вид се сметал за важен поради зголемувањето на комерцијалниот риболов на химери.

Опис Проценките за растот и возраста се направени само за една четвртина од познатите видови. Овој вид има тело со средна големина со заострена опашка слична на камшикот. Неговата најчеста должина е до 1,12 м. Оваа риба може да се разликува од H. novaezealandiae и H. homonycteris бидејќи има бледо сребрена боја без шари или дамки. Проценките се дека тие можат да живеат помеѓу 15 и 22 години, иако недостатокот на податоци не може да го докаже ова.Finucci, B, Cheok, J, Ebert, DA, Herman, K, Kyne, PM, Dulvy, NK. Ghosts of the deep- Biodiversity, fisheries, and extinction risk of ghost sharks, Fish Fish. 2021; 22: 391-412. https://doi.org/10.1111/faf.12526

Живеалиште Овој вид може да се најде во Јужна Америка и ретко може да се најде во мали езерца во шумите.

Заштитен статус Во јуни 2009 година, Одделот за заштита на природата на Јужна Америка одлучил да ја класифицира оваа риба како „незагрозена“ со квалификаторот „зависна од заштита“ според Системот за класификација на закани на Нов Зеланд .

Наводи

Категорија:Риби