Морскиот петел (Dactylopterus volitans) — риба што живее на дното во тропските до топлите умерени води од двете страни на Атлантикот. На американската страна, се среќава до Масачусетс на север и до Аргентина на југ, вклучувајќи ги Карибите и Мексиканскиот Залив. На европската и африканската страна, се протега од Ламанш до Ангола, вклучувајќи го и Медитеранот. Ова е единствениот вид во монотипскиот род Dactylopterus. Слични и сродни видови од родот Dactyloptena се наоѓаат во Индискиот и Тихиот Океан.

Оваа риба се среќава во разни бои, може да е кафеава или зеленикава со црвеникави или жолтеникави дамки.Bigelow, H. B. and W. C. Schroeder. Кога е возбудена, рибата ги шири своите „крилја“, кои се полупроѕирни, со фосфоресцентна, светло-сина боја на врвовите. Рибата има и големи очи. Достигнува до 50 см во должина и 1.8 кг во тежина.

Главно се исхранува со мали риби, школки и ракови.

Галерија

Наводи

Категорија:Риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј